Кевин Шорт

Американскиот бас-баритон Кевин Шорт, кој во 2021 година се приклучува на наставниот кадар на престижната школа „Џулијард“, настапува низ целиот свет во репертоар што опфаќа дела од Моцарт, Монтеверди, Верди, Бизе, Вагнер... Неговите настапи во Северна Америка вклучуваат изведби со операта „Метрополитен“, Њујоршката оперска компанија, оперите во Чикаго, Хјустон, Лос Анџелес, Вашингтон, Сиетл, Филаделфија..., но и неговите европски и азиски достигнувања вклучуваат настапи со повеќе оперски куќи, оркестри и фестивали, во Париз, Велс, Келн, Дрезден, Берн, Катанија, Финска, Австрија, Шпанија... Шорт исто така има активен концертен и рецитален распоред, настапувајќи со бројни оркестри во светот. Своето образование го стекнал на Универзитетот Морган, Институтот за музика Кертис и Американскиот оперски центар на „Џулијард“. Добитник е на бројни награди и признанија. Неговиот соло ЦД-албум „Mephistopheles and Other Bad Guy“ за „Пентатон“, беше прогласен за еден од извонредните класични записи во 2018 година од WQXR.

Skip to content