Исмет Вејсели

Исмет Вејсели, роден во Куманово на 11.04.1998 година, е истакнат соло-пејач со извонреден уметнички пат. Своето музичко образование го започнува со кларинет и соло-пеење, а го продолжува во средното музичко училиште Илија Николовски - Луј во Скопје, под менторство на тенорот Мустафа Имери. Во текот на средното образование, Исмет освојува бројни награди на државни и меѓународни натпревари по соло-пеење. Неговиот талент особено се истакнува и на меѓународната сцена, каде што добива значајни признанија на фестивали во Италија, Србија, Русија и други земји. Високото образование го завршува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на познатата сопранистка Ана Дурловски. Меѓу позначајните моменти во неговата кариера се настапите во Берлин, Германија, рециталот во Тирана, Албанија, како и впечатливото деби во Москва, Русија. Неговите уметнички достигнувања вклучуваат и настап во Кремљ, како и во Националната опера и балет во Скопје. Во 2021 година ги освојува највисоките признанија на меѓународни натпревари во Русија и Белград. Потоа е примен на Академијата Concertante во Барселона, Шпанија, под менторство на маестро Raul Gimenez. Настапува и на „Prishtina International Vocal Festival“ во Приштина, како и со Филхармонијата на Косово во Приштина и Тирана. Кариерата на Исмет Вејсели продолжува да се развива со неговото деби во Њујорк, САД, како и со престижен настап на фестивалот „Musikverein“ во Виена. Неговото деби во Словачката национална опера беше крунисано со настапи во 13 опери и 65 изведби во рок од само 10 месеци. Во февруари 2024 година дебитира во Операта на Косово со главна улога – ликот на Тримори во првата косовска опера „Гоца е Качанику“, а во ноември истата улога ја толкува и во Националниот театар за опера и балет во Тирана. Претставата имаше и реприза во Националната опера и балет во Македонија. Со Филхармонијата на Косово неодамна настапи како солист во делото „Stabat Mater“ од Gioachino Rossini, во меѓународна изведувачка постава. Од септември 2026 година, Исмет е член на хорот на Националната опера и балет на Македонија. Извонредниот талент и меѓународните признанија на Исмет Вејсели го зацврстуваат неговиот статус како ѕвезда во подем во светот на оперската уметност.

Skip to content