Ива Дамјановски

Ива Дамјановски (1996) Родена е на 09.01.1996 во Скопје, С. Македонија и е дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност при УКИМ. (2019), класа на проф. Тодор Светиев. Моментално е студент на катедрата за Музикологија, на универзитетот „Università di Trento“, како и на катедрата по Музичка Интерпретација и Композиција на Факултетот за музичка уметност при УКИМ – Скопје, класа на прoф. Марија Ѓошевска. Добитник е на наградата на УКИМ за најдобро дипломиран студент на Факултетот за Музичка Уметност во учебната 2018/2019 година. Автор е на научната статија „Сценското дело на иднината: современиот перформативен феномен, неговиот развој и комуникација со публиката.“, објавена во четвртото издание на научното списание “Ars Academica” (2016). Автор е и на трудот ELELORP 76: MUSICA NOVA MACEDONICA. Електроакустичната музика во Македонија, нејзиниот развој и карактеристика.“, презентиран во рамки нанаучната конференција на 42-то издание на манифестацијата „Струшка Музичка Есен“, издаден во официјалниот зборник на истото. (2017) Дел од организацискиот, режиски и изведувачки тим на серијата концерти „No Hay Banda“ посветени на филмската музика, во соработка со Академската Сцена при Факултетот за Драмски Уметности при УКИМ, Скопје (2017- 2019). А, исто така, таа е организатор, режисер и изведувач на концертните проекти „Монохроматика“ (дел од програмата на манифестацијата „Денови на Македонска Музика“, 2018 ) и „Монолози“ (дел од програмата на фестивалот „Златна Лира“, 2018). Моментално работи хонорарно како корепетитор на Факултетот за Музичка Уметност при УКИМ и е дел од експерименталното дуо „Алембик“. Нејзината прва композиција за пијано, „Breath“ е објавена во компилацијата „Klavirsko Nebo 3“, во издаваштво на продукциската куќа „Pop Depresija“. Во 2021 го реализира и својот солистички концертен проект „Аs we danced we gave substance to shadows“, на кој за прв пат настапува, покрај пијано програмата и со изведба на теремин. Добитник е на наградата „Игор Исаковски“ за најдобар дебитантски поетски ракопис во 2017 г. за стихозбирката „Тие“ (2017, Блесок), кој го добива своето второ и дополнето издание во 2019 г. (ПНВ Публикации). Во 2020 е издадена и нејзината втора стихозбирка „Двоумење“, за која и е доделена наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата. Нејзината поезија е застапена во многу антологии и списанија за книжевност. Добитник е на третата награда на конкурсот „Антево Слово“ за најдобра необјавена песна (2021), како и специјалната награда на меѓународниот натпревар Castello di Duino во Трст, за најдобра необјавена песна со значајна социјална или хуманистичка порака (2021).Учествувала на голем број поетски читања во и надвор од државата, меѓу кои и „Астални Проекции“ и нејзината поезија е застапена во монографијата посветена на поетската манифестација (2019, Бегемот),како и голем број други поетски читања во Скопје. Нејзината наградена книга „Двоумење“ доби две претставувања во Осиек и Нашице во рамки на манифестациите „Денови на македонската култура“ и одбележувањето на 160 години од зборникот на Миладиновци. Нејзината поезија е преведувана на српски, грчки, хрватски, словенечки, англиски, албански, шпански, италијански, бенгалски и романски јазик.

Успешно се претплативте на нашиот билтен

Имаше грешка при вашето испраќање. Ве молиме обидете се повторно

Филхармонија will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.
Skip to content