Златка Митева
Златка Митева, е македонска флејтистка од младата генерација. Дипломира и магистрира на Националната Музичка Академија „Панчо Владигеров” во Софија, во класата на проф. Лидија Ошавкова. Својот музички профил, Златка Митева го усовршува кај еминенти светски флејтисти како Патрик Гала, Жерард Бургоњ, Андраш Адорјан, Марина Новак, Филип Бернолд, Клаудио Ферани и др. Носителка е на музички награди од државни и меѓународни натпревари по флејта и камерна музика. Златка Митева настапува на музички фестивали во земјава и странство; „InterFox„ Осијек, Хрватска, Concertti del Tempietto„ во Рим, Италија, „Solei Festival„ Созопол, Бугарија, „Flauta&me„ Загреб, Хрватска „Flautissimo„ во Рим, Италија, „BachFest„Софија, Бугарија, ,,Apolonia„ Бугарија, „Europe Music Festival„ Варна, Бугарија, Скопско лето, Штипско лето, ПроМузика, Денови на Македонска музика и др. Со пијанистката Наташа Трбојевиќ остварува успешни концерти во Касел, Софија, Њујорк, Рим, Прага, Тирана,Загреб, Истанбул, Печ, Будимпешта, Созопол, Белград, Нови Сад, Врање, Скопје, Тетово, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица и др. Златка Митева е член на камерниот состав ТРИО АКАДЕМИКО и заедно со овој состав успешно концертира на фестивали во земјава и странство. Член на Академското дувачко Трио и ансамблот за современа музика на сојузот на композиторите на Македонија ,,Контемпора,,. Стипендист на 15 - от фестивал за флејта "Flautissimo" во Рим, Италија. Добитник е на државната награда "Георги Божиков" и почесен член на Фондацијата "Томислав Зографски" Во 2017 година, издаде ЦД ( Музика за флејта и пијано од македонски автори ) заедно со пијанистката Наташа Трбојевиќ. Во моментов, Златка Митева е професор по флејта на Музичката Академија на Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.