Зи Зи

https://www.zeezee-piano.com Имагинативна и возбудлива, кинеската пијанистка Зи Зи е една од најуникатните појави меѓу новата генерација пијанисти. Критичарите ја опишуваат како „полна со ентузијазам, гламур, младешка енергија“, а за нејзините изведувачки капацитети велат дека „може да ги пренесе слушателите во друга реалност“. Критичарите не ги штедат зборовите и за нејзината креативна зрелост, пишуваат дека таа во своите изведби е „моќна, страстна, полна со чист артизам“. Зи Зи почнува на учи пијано на пет години во Германија. По враќањето во Кина, таа станува една од најзначајните млади пијанистки и настапува во водечките кинески оркестри. Своето музичко образование го комплетира на „Џулијард“ во Њујорк. Добитичка е на бројни награди, меѓу кои и на главната награда на натпреварот „Кралица Елизабета“ во 2013 година. Нејзината кариера е возбудлива и богата, активно концертира и настапува со водечките светски оркестри и диригенти. Настапувала со Филхармонијата на Лос Анџелес, Белгискиот национален оркестар, Лондонската филхармонија, „Би-Би-Си Симфони“, „Би-Би-Си Филхармоник“... Настапува и на рецитали во Вигмор Хол во Лондон, центарот „Кенеди“ во Вашингтон, „Линколн центарот“ во Њујорк... Оваа пролет го издаде и својот прв албум на кој ги свири Концертот за пијано и орекестар од Равел и Листовиот концерт број 1 со Пааво Јарви и Филхармонија оркестра.

Успешно се претплативте на нашиот билтен

Имаше грешка при вашето испраќање. Ве молиме обидете се повторно

Филхармонија will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.
Skip to content