Ејми Диксон

„Таа има индивидуален и необичен тон..., нејзините фрази прекрасно завршуваат, нејзината контрола на динамиката е бескрајно суптилна“, ќе напише магазинот „Грамофон“ за два пати „Греми“ номинираната Еми Диксон (1982), една од најдобрите саксофонистки денес. Таа всушност е и првата саксофонистка и првата Австралијанка која ја доби наградата Класик „Брит“, откако го објави својот трет албум „Duskand Dawn“ и кој беше на водечкото место во Велика Британија. Во јануари 2016-та, Диксон беше именувана за Млад Австралијанец на годината во Британија. Нејзиниот репертоар е строго ориентиран на нејзината страст за новата музика, таа е целосно посветена на новите дела, особено на оние создавани за саксофон.
Моментно, Еми Диксон живее и твори во Лондон, но е родена во Сиднеј, Австралија каде што на шест години почнува да зема часови по саксофон. Својот прв концертен настап го има на 16 години, а две години подоцна ја прави и првата снимка како солист со Симфонискиот оркестар на Сиднеј. Таа година се сели во Лондон за да студира на Кралскиот колеџ за музика, а потоа и на Конзерваториумот во Амстердам.
Добитничка е на значајни награди кои ретко одат во рацете на саксофонистите. Настапува како солист ширум светот со врвни оркестри, во Ројал Алберт хол, во Сиднеј Опера хаус или Концертхаус во Виена, но и како камерен музичар. Во 2015 година се придружува на Шкотскиот ансамбл на турнеја низ Британија која вклучува концерти во Единбург, Глазгов и Лондон и кои оставаат силен впечаток. Една од критиките во „Хералд Скотланд“ на пример, вели дека саксофонот на Еми Диксон има топол, возвишен и експресивен тон што може да стопи и камен. Таа снима за „Сони Класикс“ и досега има реализирано шест албуми чии изведби на дела, особено „Spiegel im Spiegel“ од Арво Парт, Концертите за виолина од Филип Глас, делата на Џон Тавенер и на Мајкл Најман сместени на албумот од 2009, како и делата на Џон Вилијамс или Мајкл Кејмен од албумот „CatchMe If You Can“, се оценети

Успешно се претплативте на нашиот билтен

Имаше грешка при вашето испраќање. Ве молиме обидете се повторно

Филхармонија will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.
Skip to content