Весна Ѓиновска Илкова
Весна Ѓиновска Илкова е водечки оперски драмски сопран во Македонија,и Македонската Опера во последните 25 години,певица со софистицирано пијано, беспрекорна вокална техника, огромна музикалност, харизма и силно сценско присуство. Студии завршува во класата на проф.Милка Ефтимова, магистарски студии во класата на проф. емеритус Радмила Бакочевич. Нејзиното деби на сцената на Македонската опера и балет во 1996 година во улогата на Михаела во „Кармен“ добива одлични оцени, а критичарите ја истакнуваат нејзината извонредна легато техника. Илкова своето деби на меѓународната сцена го остварува во 2001 година во Националната опера на Софија во комплексната улога на Елизабета во „Дон Карло“ од Верди. По успешниот настап на бугарската сцена, Илкова ја толкува улогата на Тоска во истоимената опера на Пучини. Весна Ѓиновска Илкова ужива богата домашна и меѓународна кариера, а досега настапувала во Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија ,Русија,Америка,Италија,Турција,Данска,Грција, Малезија, во ,продукциите на „Аида“, „Отело“, „Турандот“, „Мадам Батерфлај“, „Симон Боканегра“, „Атила“, „Моќта на судбината“, „Бал под маски“, „Лидија од Македонија“,”Дон Карло”.. Македонската критика ја нарекува „мајстор на патосот и драмата“ и ја поцртува сензибилноста и емоционалноста која Илкова им ја дава на улогите што ги толкува. Зад себе има над дваесет главни улоги,и соработка со режисери и диригенти,со кои ги создава улогите. Освен на оперската, Илкова е редовно присутна и на концертната сцена, со концертни рецитали на сцената на Бољшој сала во Саратов,Москва, Милано,отворената сцена на театарот во Рим “Театро Ди Марчело”,Концертната сцена на “Аула Симфонија” -Џакарта,Индонезија,отворената сцена на амфитеатарот во Аспендос,Турција,отворената сцена на античкоит театар во Охрид, во рамки на Охридско лето, ,изведува вокално инструментални дела (Реквием Верди, Стабат Матер -Перголези, Антон Брукнер- Те Деум,Хајдн -Создавање на светот).Добитник е на голем број значајни награди и признанија.13 Ноемвриска награда на град Скопје, Награда за уметник на годината 2014,доделена од музичката манифестација Виртуози, награда од СМУМ,во 2010 година за улогата на Мадам Батерфлај.2019 година ја добива државната награда св.Климент Охридски. На Фалултетот за музичка уметност во Скопје работи од 2006 година.Зад себе создава генерации на студенти кои успешно чекорат по европските сцени.Таа денес е редовен професор на катедрата за соло пеење,поминувајќи ги низ годините сите професорски звања.