Бери Даглас
http://www.barrydouglas.com Бери Даглас е ирски пијанист кој својата богата меѓународна кариера ја започнува во 1986 година кога го добива „Златниот медал“ на Интернационалниот натпревар за пијано „Чајковски“ во Русија. Важи за оригинален пијанист со препознатлива лирика во изразот и автентичен пијанистички сензибилитет. Критичарите го нарекуваат „титан на пијаното“. Бери Даглас како солист настапува со врвни светски оркестри, а во последниве неколку како уметнички директор на Камерата Ирска имаше имаше турнеи во Аргентина, Бразил, Австралија, Полска, Русија, САД, Британија, Италија, Јапонија... Освен со светските оркестри, Даглас настапува и како камерен музичар – свирел во „Ројал Алберт Хол“, „Вигмор Хол“, „Барбикан“... Ексклузивен уметник е на издавачката куќа „Чандос“ за која неодамна сними шест албуми со сите соло дела за пијано од Јоханес Брамс.