Анастасија Кобекина

Анастасија Кобекина (1994) го имала својот прв час по виолончело на четири години. Во 2006 година таа почнува да учи чело во класата на Олга Галокина на Московскиот конзерваториум. Вниманието на руската јавност го привлекува кога ја добива првата награда на ТВ-натпреварот „Оревокршачка“ и „Нови имиња“ во Москва. Во 2008 година е финалист на Евровизискиот натпревар на млади музичари во Виена. Во 2010 година ја добива наградата „Хесе“, која вклучува и мастер-клас со Дејвид Герингас во Кронберг. Во 2012 година ја добива стипендијата „Борис Пергаменшиков“ за мастер-клас на Академијата во Кроберг. Настапувала во водечките концертни сали во Москва, Берлин, Виена, Брисел, како и во Тел Авив на отворањето на Рускиот културен центар. Како солист свирела со оркестри како што се „Московски виртуози“, Симфонискиот оркестар „Чајковски“ од Москва, Виенскиот симфониски оркестар и Литванската национална филхармонија. Младата виолончелистка свири на инструмент направен од Стефан вон Баер во 2012 година. Во 2011 и 2013 година Кобекина учествува на фестивалот кој го организира Академијата во Кронберг. Таа беше и полуфиналист на натпреварот „Чајковски“ во Москва во 2015 година.

Skip to content