Анастасија Грговска

Анастасија Грговска е родена во Куманово. Своето музичко образование го започнува во Куманово, во класата на проф. Драган Грговски, а го продолжува во класата на проф. Славица Мицовска. Средно образование завршува во ДМБУЦ Илија Николовски – Луј, во Скопје. Во 2013 година дипломира CUM LAUDE, на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Марија Ѓошевска. Добитник е на голем број награди и признанија на државни и меѓународни натпревари. Зад себе има бројни солистички концерти во Куманово, Скопје, Велес, Прокупље, концерти со камерни состави и настапи на реномирани фестивали како “Охридско лето”, “Скопско лето”, “Денови на македонска музика” и “Есенски музички свечености”. Во 2009 година настапува како солист со Камерниот оркестар на град Перник, во Бугарија, а во 2013 и 2017 година како солист со Македонската Филхармонија во Скопје. Лауреат е на Фондацијата "Томислав Зографски" во 2014 година, a, добитник е и на Гран при за 2021 година која ја доделува Одборот на Фондацијата. Дел е од камерното дуо "Дистанца" со пијанистката Бриџида Мијоре од Италија. Активно се занимава со педагодија и корепетиција. Во август 2024 година, како пијано дуо со пијанистот Шкељзен Бафтиари настапува на фестивалот „Охридско лето“, одбележувајќи јубилеи на македонските композитори Т. Зографски и С. Тошевски. Се надоградува на семинари со познати светски имиња од класичната музичка сцена како, Х. Холтман – Германија, Ј. Кот – Украина, Н. Трул – Русија, А. Диев – Русија, Ж. Захариева – Бугарија, А. Гиндин – Русија, Ф. Турисини – Италија, Г. Грузман – Германија, Љ. Гашпаровиќ – Хрватска. Магистрира, со највисока оценка на Руската Музичка Академија “Гњесин” во Москва, во класата на проф. Јулија В. Фјодорова, каде што како редовен студент бележи настапи на концерти на класата и во камерни ансамбли.

Skip to content