КОНКУРС ЗА НАРАЧКА НА КОМПОЗИЦИИ ОД ДОМАШНИ АВТОРИ

КОНКУРС ЗА НАРАЧКА НА КОМПОЗИЦИИ ОД ДОМАШНИ АВТОРИ

КОНКУРС ЗА НАРАЧКА НА КОМПОЗИЦИИ ОД ДОМАШНИ АВТОРИ

 

Почитувани,

НУ Филхармонија на РС Македонија, распишува КОНКУРС за откуп на 3 симфониски дела, по повод 80 годишниот јубилеј на институцијата, кој се одбележува во 2024 година.

  • На Конкурсот може да учествуваат само автори-државјани на РС Македонија.
  • На Конкурсот може да учествуваат композитори со диплома по композиција од високообразовна установа или композитори, кои немаат диплома по композиција, но чии дела претходно биле изведувани на фестивали за класична музика, како „Охридско лето“, „Мајски оперски вечери“, „Денови на македонска музика“, како и на концертните програми на НУ Филхармонија на РСМ.
  • Секој композитор има право да конкурира со по една композиција.
  • Композициите со кои се конкурира, не треба да бидат претходно јавно изведувани или публикувани.
  • Композициите треба да бидат во траење од 7 до 12 минути.
  • Композициите треба да бидат напишани за симфониски оркестар во двоен симфониски состав (а-дуе).
  • Композициите не треба да користат масовен перкусионистички инструментариум, поради можноста за полесна изведба и надвор од земјава.
  • Делата ќе ги оценува 7-члена комисија, составена од реномирани македонски и меѓународни музички уметници.
  • Приоритет при одлучувањето на Конкурсот, ќе имаат квалитетни дела со автентична музичка содржина, кои ќе придонесат за прогрес на македонската современа музичка култура.
  • Конкурсот е анонимен.

 

РОК ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

  • Конкурсниот рок за поднесување на композициите е најдоцна до 1 септември со назнака за АРХИВА НА НУ Филхармонија. Периодот од 1 до 23 август не се зема во предвид за поднесување на документи, поради колективен одмор на вработените во институцијата.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО

  • Делата за Конкурсот се доставуваат анонимно.
  • Делата се доставуваат во затворен плик со назнака: ЗА КОНКУРСОТ„ОТКУП НА МУЗИЧКИ КОМПОЗИЦИИ ЗА НУ ФИЛХАРМОНИЈА НА РСМ“ на адреса: бул. „Гоце Делчев“ бр. 2 Скопје
  • Делата се испраќаат единствено по пошта, со шифра означена на пликот (најмногу 5 знаци од букви или бројки) и текст „НЕ ОТВОРАЈ“.
  • Податоците на авторот се испраќаат во посебен затворен плик, приложен заедно со документацијата со назнака „АВТОР“, назначен со истата шифра.
  • Пријавата треба да содржи 2 (две) печатени копии од партитурата. Задолжително треба да се достави партитура и штимови во дигитална форма (ПДФ, Сибелиус, Финале), како и звучен запис (демо-снимка) од делото.
  • На ниту една од страниците на партитурата, не смее да биде запишано името на авторот или било каков знак што упатува на неговиот идентитет.
  • Вработени во НУ Филхармонија на РСМ, како и членови на нивното потесно семејство не смеат да учествуваат на овој Конкурс.
  • На Конкурсот не смеат да учествуваат членови на жири-комисијата, како и членови од нивното потесно семејство.

 

ОПШТ УСЛОВ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

  • Авторите коишто доставиле пријави на Конкурсот, се смета дека се согласуваат да ги отстапат правата за изведба, снимање на изведбата, емитување и издавање на НУ Филхармонија на РСМ, без дополнителен надомест, а НУ Филхармонија на РСМ се обврзува во својата програма (2024) задолжително да ја реализира изведбата.

РЕЗУЛТАТИ ОД КОНКУРСОТ

 

  • НУ Филхармонија има право да откупи 3 дела во износ од по 154.451,00 денари.

 

Конкурсот се реализира со поддршка од страна на Министерството за култура на РС Македонија.