РИТАМОТ ВО СЕБЕ – Мултимедијална продукција за млада публика на возраст од 11 до 14 години

РИТАМОТ ВО СЕБЕ – Мултимедијална продукција за млада публика на возраст од 11 до 14 години

Програма:

Conversion – Антоние Весковски

Rapids – Антоние Весковски

Од оган до вода – импровизација врз визуелизација

Свита за соло сет тапани и ансамбл перкусии – Дејвид Манчини

Учесници:

Антоние Весковски – маримба, вибрафон и перкусии

Благоја Антовски – соло сет тапани

Атанас Алексов – тимпани

Влатко Митев – перкусии

Иван Узунов – перкусии

Теодор Теодосиевски – перкусии

Зорица Здравковиќ – перкусии

Кораб Хајдари  – перкусии

 

Визуелни уметници: ЕМИЛ ПЕТРОВ и ДОРИЈАН МИЛОВАНОВИЌ

Продукција: Филхармонија на Република Северна Македонија

„Oдлуката да се спаси животната средина, мора да потекнува од човечкото срце. Клучната точка е повикот за вистинско чувство на универзална одговорност што се заснова на љубов, сочувство и јасна свест.“

  • Далај Лама

 

Исклучително важно е токму затоа да и веруваме на својата интуиција и да го следиме своето срце. Светот е нашето огледало и тој се менува заедно со нашата сопствена промена. А, ритамот на промените е во секој од нас.

Филхармонија, која годинава концертната сезона ја реализира под мотото „Филхармонија во движење“, се приклучува во борбата против загадувањето, а во истовреме дава порака дека животот е движење. Пораката всушност, се однесува на тоа дека треба да бидеме свесни за климатските промени што се чини веќе и не е толку далечен проблем. Нешто што се случува овде и сега, нешто за кое мораме да размислуваме  во насока на подобрување. Ние сме првата генерација која што го чувствува ефектот на климатските промени и можеби последната која има шанса да направи промени.Токму темата за климатските промени и човекот како најголем импакт фактор (фактор на влијание), се инспирација за создавањето на оваа музичка приказна, која за крајна цел го има будењето на индивидуалната свест, а наведува и на критичко и креативно размислување на темата за заштита на животната средина и справувањето со климатските промени.

 

Следни настани