„НОВ ЗДИВ“ КАМЕРЕН АНСАМБЛ ПРИ ФИЛХАРМОНИЈАТА НА РСМ

„НОВ ЗДИВ“ КАМЕРЕН АНСАМБЛ ПРИ ФИЛХАРМОНИЈАТА НА РСМ

Диригент:
Диригент:

„Нов Здив“ Камерен ансамбл при Филхармонијата на РСМ
Бојан Илкоски – виолина
Марија Трајковска – виолина
Илза Бафтиари – виола
Александар Лаовски-виола
Паскал Краповски-виолончело
Драган Гоневски – виолончело
Игор Бакревски – кларинет
Гонца Богоромова – Краповски- сопран
Маријана Николовска – пијано
Атанас Алексов – ударни инструменти

Програма:

А. Шенберг: “Verklärte Nacht” за гудачки секстет

В. Велковска Трајановска: „Омен“ за соло сопран, кларинет, виолина, виолончело и ударни инструменти

А. Веберн: пијано квинтет

Филхармонија, најстариот и единствен симфониски оркестар во РСМ е столб на македонската музичка сцена скоро осум децении. Нејзиниот постојан квалитативен раст, негување на широк репертоар од светската класична музичка литература како и светски премиери на дела од современи автори, оживувајќи ги со особена гордост и делата на македонските музички творци. Со подмладувањето на оркестарот во последнава декада особено, Филхармонија на РСМ внесува елан и работи со силен ентузијазам, а со тоа создава простор за зародиш на нови камерни амсамбли и формации, како и за возобновување на долгогодишните добро познати камерни состави.
Идејата за овој концерт на камерниот ансамбл „Нов здив“ произлегува од желбата и предизвиците за изведба и на современата музика на нашата музичка сцена, и фактот што во нашата држава не постојат многу состави кои се длабински посветени на новата музика. Членовите на камерниот ансамбл „Нов здив“ на Филхармонија во соработка со диригентот Паскал Галоа од Франција, грижливо прават селекција на композиции од македонски и светски автори: А. Шенберг, Валентина Велковска – Трајановска и А. Веберн.
Сите композиции кои се дел од програмата на овој концерт се ретко изведувани, а дел од нив и премиерно ќе се изведат во РС Македонија, a наедно ова ќе биде и премиерно преставување на камерниот ансамбл „Нов здив“.

Следни настани