ТАНЦУВАЧКИТЕ ЧЕВЛИ НА ЧАЈКО

ТАНЦУВАЧКИТЕ ЧЕВЛИ НА ЧАЈКО

Диригент:
Диригент:

Новогодишна музичка бајка за деца

Што се случува кога едно момче, кое сонува да стане балетан, ќе пронајде необичен пар волшебни чевли?

Започнува вистинска новогодишна авантура исполнета со музика, смеа, танц и неочекувани изненадувања!

„Танцувачките чевли на Чајко“, приказна на авторката Тина Иванова, е музичка бајка за Чајко и неговата темпераментна братучетка Наталија, кои во потрага по балетски чевли откриваат стар сандак со волшебен пар чевли. Од тој момент, нивниот свет се претвора во необична танцувачка приказна во која ништо не оди според планот, а секој нов чекор носи ново изненадување.

Низ духовити дијалози, балетски сцени и препознатливи музички мелодии, децата ќе уживаат во делата на Петар Илич Чајковски од балетот „Оревокршачка“, како и во музиката од омилениот анимиран филм „Frozen“.

Но, зад смеата и волшебството се крие и една важна порака: секој сон заслужува шанса, а за да го оствариме, потребни се храброст, труд, трпение и верба во себе. Зашто, најубавиот подарок понекогаш не е оној што го добиваме, туку охрабрувањето од некој што верува во нас.

„Танцувачките чевли на Чајко“ – новогодишна музичка бајка што ги поканува најмладите да сонуваат, да се смеат и да ја почувствуваат магијата на музиката!

 

Следни настани