ГАЛА НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ – „СЛУШНИ! ДОАЃА НОВАТА…“

ГАЛА НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ – „СЛУШНИ! ДОАЃА НОВАТА…“

Диригент:
Солист:
Ансамбл Јаношка

Програма: Штраус, Ленон, Гуно, Делиб, Јаношка…

„Јаношка стил“ е нова музичка визија во класичната музика. Во исто време тоа е и наслов на златното истоимено це-де кое го издаде „Дојче грамофон“, кој стана специфичен и препознатлив бренд на ансамблот „Јаношка“. Но, пред сè, „јаношка стил“ е музички удар од среќа. Вака медиумите го опишуваат ансамблот „Јаношка“ кој изгради препознатлив музички стил што преставува фузија на класичната музика со други жанрови кои, генерално, ѝ се повеќе познати на пошироката публика. Нивните аранжмани обединуваат контрастни музички универзуми и имаат еднакво различни фанови. Уникатноста на „Јаношка“ е токму во оваа фузија од жанрови надополнета со супериорната техника и уметнички перформанс на четворицата музичари.

Музиката која ја создаваат тројцата браќа од Братислава – Ондреј, Франтишек и Роман Јаношка и нивниот роднина Џулиус Дарвас претставува колоритен контраст на нивната класична наобразба со музиката од другите жанрови – од џез и латино до поп-музика. Крајниот резултат не е само микс од стилови, туку креативна синтеза – препознатливиот „Јаношка стил“. Овој ансамбл е во постојана игра со музичките познавања на публиката, слободно комуницира со класичните теми кои потоа ги транспонира во различни музички дисциплини, без да ја наруши уникатноста на стилот. Во нивната музика не постојат матрици, специјални формули, ансамблот „Јаношка“ спонтано креира имагинатина музика. Неговиот стил не е само звук, тоа е „музика која живее“, која треба да се чуе и да се почувствува во живо. „Сакаме нашата музика да ја придвижи публиката, да ја допре на посебен начин. Тоа е нашата цел“, вели Франтишек Јаношка, пијанистот кој има совршена контрола над секој отсвирен тон. Заедно со неговиот брат Роман Јаношка на виолина, кој креира експлозивни џез-импровизации. Најмладиот од нив, Одреј Јаношка, ја објаснува нивната интеракција на следниов начин: „Секој од нас има сопствени музички интереси, преференции, омилени жанрови и стилови. Си даваме свој простор, и заедно креираме музика во препознатливиот Јаношка стил“. Четворицата музичари го исполнуваат музичкиот простор со спонтана креативност, а нивните композиции звучат свежо на секој нивни концерт. Со својата виолина Одреј Јаношка е во постојан виртуозен дуел со својот брат Роман. Доколку музичкото парче е помеланхолично, двете виолини тогаш заедно креираат еден глас, звучат како еден инструмент. „Уште кога бевме деца, свиревме секој ден, најчесто заедно. Толку сме блиски музички што секогаш може да почувствуваме што сакаме да отсвириме“, вели Роман Јаношка. Тројцата браќа свират заедно со контрабасистот Џулиус Дарвас, кој исто како и нив има класична музичка наобразба. „Сакаме да ја вратиме импровизацијата во класичната музика која е изгубена во последните неколку века“, вели тој.

Музичарите од ансамблот „Јаношка“ свират на сите континенти и постојано имаат нови проекти. Сите што биле на нивните концерти си заминуваат од концертната сала инспирирани, полни со енергија и насмевка на своето лице.

Следни настани