Катерина Стојановска
Катерина Стојановска, родена во Скопје 1982 година. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Марија Муратовска Наумовска. Во 2005 година дебитира во Македонската опера “Лидија од Македонија” од Ристо Аврамовски во улогата на Асија. Оттогаш станува редовен член и солист во Македонската Опера и Балет. Настапува на многубројни концерти и претстави во земјата и во странство а посебно место во нејзиниот репертоар зазема улогата на Милка, главниот лик во операта ,,Змејовата невеста” на Стојан Стојков, кој го толкува на праизведбата на ова национално оперско дело. На нејзиниот репертоар исто така се улогите: Папагена во „Волшебна флејта“, Оскар во „Бал под маски“, Мизета во „Боеми“, Церлина во „Дон Џовани“, Фраскита во „Кармен“, „Кармина Бурана“, Црвенкапа во „Црвенкапа“, Марика во „Јованче и Марика“, Деспина во „Така прават сите“, Валансјен во „Веселата Вдовица“, Штази во „Војвотката на Чардашот“, Мајлс во „Свртување на штрафот“, Лола во „Кавалерија Рустикана“, Ана во „Набуко“, Главната свештеничка во „Аида“, Џанета во „Љубовен напиток“, Летиша во „Старата мома и крадецот“, Клоринда во „Пепелашка“, Амор во „Орфеј и Евридика“ Инес во „Трубадур“, Грофица Чепрано и Пажот во „Риголето“, Флора и Анина во „Травијата“, Овчарче во „Тоска“, Прва девојка во „Ил Табаро“, Втора пријателка во „Џуџето“.
Назад