Алим Беисембајев

Алим Беисембајев ја освои Првата награда на Меѓународниот пијанистички натпревар во Лидс во септември 2021 година, изведувајќи ја Рапсодијата на тема од Паганини од Рахмањинов со Кралскиот филхармониски оркестар од Ливерпул, а ја доби и Наградата на публиката на Medici.tv, како и Наградата на Кралското филхармониско друштво на Ливерпул за современа изведба. Toa се само неколку од признанијата за овој извонреден пијанист. Како актуелен уметник од програмата BBC New Generation Artist (2023 – 2025), Алим доживеа значаен меѓународен пробив со своето деби на BBC Proms, каде настапи со Sinfonia of London под водство на Џон Вилсон, прифаќајќи го настапот со само два дена најава. The Telegraph за него ќе напише: „Нема пијанист под 30 години во светот кого би сакал повеќе да го слушам.“ Меѓу значајните оркестарски настапи се вбројуваат концертите со Симфонискиот оркестар на BBC, Филхармонискиот оркестар на BBC, Чешката филхармонија, Симфонискиот оркестар на Барселона, Симфонискиот оркестар на SWR Штутгарт, Националниот симфониски оркестар на Индија, Државниот академски симфониски оркестар на Русија „Евгениј Светланов“, како и Форт Ворт симфонискиот оркестар (САД), меѓу многуте други. Во сезоната 2024/2025, Алим остварува низа значајни деби настапи, меѓу кои со Симфонискиот оркестар на BBC Шкотска и Филхармонискиот оркестар од Сјамен (со Клавирскиот концерт бр. 1 од Чајковски), Sinfonietta Cracovia (Клавирски концерт бр. 20 од Моцарт), како и со Филхармонијата „Јаначек“ од Острава (Равелов Концерт за лева рака). Алим Беисембајев настапува и со рецитални програми на некои од најпрестижните светски сцени, меѓу кои BBC Proms во Труро, Концертгебау во Амстердам, Wigmore Hall, Seoul Arts Center, Carnegie Hall, Victoria Concert Hall во Сингапур, Институтот Шопен во Варшава, Oxford Piano Festival, Fondation Louis Vuitton во Париз и Cliburn Concerts. Тој остварил и обемни турнеи низ Европа во рамките на Steinway Prizewinner Concerts Network, како и настапи во Кореја со World Culture Network. Претстојните ангажмани вклучуваат повеќекратни враќања во Wigmore Hall и деби настап во Queen Elizabeth Hall при Southbank Centre во Лондон. Во декември 2022 година, издавачката куќа Warner Classics го објави неговиот деби-албум „Лист: Трансцендентални етиди“, кој ги содржи сите дванаесет етиди на Франц Лист и беше пречекан со одлични критики. Роден во Казахстан во 1998 година, Алим ги започнал своите музички студии во Purcell School, каде што освоил повеќе награди, меѓу кои и Првата награда на Junior Cliburn International Competition. Учел кај Теса Николсон, со која продолжил да работи и на Кралската академија за музика во Лондон. Во 2023 година ги завршил магистерските студии и Artist Diploma по изведба на Кралскиот колеџ за музика, под менторство на професорката Ванеса Латарш. Неговото уметничко усовршување е поддржано преку бројни стипендии, меѓу кои од Imogen Cooper Music Trust, ABRSM, Countess of Munster Musical Trust, Hattori Foundation, Drake Calleja Trust, како и преку програмата Talent Unlimited.    

Skip to content