Филхармонија на РСМ е првиот и единствен симфониски оркестар во Северна Македонија, а со тоа и единствен постојан репрезент на симфониското творештво на македонската музичка сцена. Оркестарот е формиран на 24 ноември во 1944 година, по завршувањето на Втората светска војна и само 11 дена по
ослободувањето на Скопје. На ул. „Крушовска“ бр. 27, во домот на композиторот Тодор Скаловски, еден од стожерите на македонската музичка култура, се одржал првиот состанок на група музичари со цел да формираат симфониски оркестар, да го формираат првиот Државен оркестар, да ги стават темелите на една голема културна
институција, прва од таков вид во ослободена Македонија. Создавањето на Филхармонија во едно такво време-невреме, е всушност револуција во духовната смисла на зборот. Револуција што ќе ја направат само неколкумина уметници кои наместо пушки, во рацете ќе држат музички инструменти со кои ќе „пукаат“ со чудесните звуци на
најубавата уметност – музиката, погодувајќи ги нивните следбеници директно во срцето. Од тие скромни почетоци, па се до денес, во повеќе од седумдецениското постоење, Филхармонијата на РСМ остварила telefoonhoesjes a51see this незаборавни концертни мигови исполнувајќи широк репертоар од светската… повеќе
ДИРЕКТОР
Мустафа Имери
ШЕФ-ДИРИГЕНТ
Јерухам Шаровски
ОРКЕСТАР
ДИРЕКТОР
Мустафа Имери

ШЕФ-ДИРИГЕНТ
Јерухам Шаровски

ДИРЕКТОР
Мустафа Имери
Роден на 9 јули 1981 година во Скопје. Мустафа Имери дипломира во 2008 година на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на професорите Милка Ефтимова и Билјана Јакимовска. Од основањето на катедрата на албански јазик во Државниот музичко-балетски училишен центар – ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, тој е 15 години раководител на катедрата и предавач по предметите соло пеење и вокална техника.Потпретседател на Здружението на албански музичари во Македонија – САМБУМ. 12 години беше уметнички соработник во Културно-Информативниот Центар (КИЦ) Скопје, организатор на бројни уметнички и музички настани. Неговата уметничка кариера вклучува: Промоција на албумот "Мустафа Имери – Тенор"Концерт со НУ Филхармонија на РС Македонија ,Концерт со оркестарот на мандолини на Рамадан Шукри,Учество на класичниот фестивал Интерфест во Битола,Настап во операта "Venus Williams" во рамките на Охридско лето,Концерт со Камерниот оркестар и Операта на Република Северна Македонија, Улога во операта "Скендербег" со Операта на Република Северна Македонија, Соло концерт во салон 19.19 – КИЦ Скопје, Јубилеен концерт „25 години кариера – Тафа & Friends“ во Филхармонијата,Концерти Три Тенори осум години по ред,Концерт во КИК – Истанбул,Концерт Трите Тенори и оркестарот од Елбасан, Р.Албанија, Преведувач на англиски, албански, македонски и српски јазик за NGMSI – Northrop Grumman Mission Systems International Inc. во американската воена база „Бондстил“ во Косово (2004–2007)Маркетинг менаџер во ТВ Ера и ТВ Алсат-М, Скопје.
