Насоки во врска Законот за слободен пристап до информации од јавен каратер
Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создала или со кои располага НУ Филхармонија на РСМ – Скопје.
Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.
Писменото Барање може да се поднесе до НУ Филхармонија на РСМ – Скопје непосредно во архивата; преку пошта на адреса на НУ Филхармонија на РСМ – Скопје (бул.Гоце Делчев, бр.2, Скопје), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: katerina.smiceska@filharmonija.org.mk и hr@filharmonija.org.mk ).
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање koј го има на страната или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.
Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.
Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.
Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службените лица: Игор Димески, контакт телефон: +389(0)2 3118-450
и е-маил: hr@filharmonija.org.mk и Катерина Дојчиновска контакт телефон: +389(0)2 3298-084 и е-маил: katerina.smiceska@filharmonija.org.mk.
Службени лица за посредување на информации од јавен карактер
Име и презиме на одговорните лица:
Игор Димески
Катерина Дојчиновска
Телефон на одговорните лица:
02/3118450 – Игор Димески
02/3298084 – Катерина Дојчиновска
Адреса:
бул. „Гоце Делчев“ бр. 2, Скопје
Е-пошта за поднесување барање:
katerina.smiceska@filharmonija.org.mk