Едит Пења
Едит Пења е родена во Каракас, каде што го започнува своето музичко образование на четиригодишна возраст. Четири години подоцна дебитира како солистка со оркестарот „Симфоника“ на Венецуела, а истата година се преселува во САД, во Филаделфија, каде што дебитира и со оркестарот на Филаделфија. Студира кај проф. Сузан Стар, а подоцна и кај проф. Сергеј Бабајан во Кливленд. Таа редовно настапува како солистка со оркестарот „Симон Боливар“ од Венецуела, а исто така и како рецитален и соло пијанист со оркестри во Германија, Австрија, Полска, Франција, САД, Мексико, Перу, Доминиканска Република, Шпанија, Велика Британија и Канада. Снимала со оркестарот на Националното радио на Венецуела, Шпанското национално радио, Радио Франција. Издала це-де по повод 70-годишнината на оркестарот на Венецуела, на кое го свири Вториот концерт за пијано и оркестар од Сен-Санс. Во моментов живее во Мадрид од каде патува на светските концертни подиуми.