УБАВА РУСИЈА

УБАВА РУСИЈА

Диригент:
Солист:
МАРИЈА СОЛОЗОБОВА
Диригент: Конрад Ван Алфен (Холандија)
Солист: Марија Солозобова – виолина (Русија)

Програма:

П.И. Чајковски: Виолински концерт бр. 1
Ј. Брамс: Симфонија бр. 1

Концертот е во рамки на фестивалот ,,Есенски музички свечености”

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НАША ФИЛХАРМОНИЈА

77 години ја славиш музиката и тоа во нејзината најкомплексна форма. Создаваш магични мигови на твојата сцена. Во твоите прегратки не запира звукот на оркестарските хоризонти во чие тонално богатство се крие совршенство. Без музика – нема живот, а без живот – нема музика. И токму ТИ, наша ФИЛХАРМОНИЈО, ни го даваш она што нам, обичните луѓе, но страсни вљубеници во најубавата уметност, ни е неопходно. Ни даваш музика без која не би можеле да го погледнеме секојдневието со убавина, со сјај во очите. ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ТОА!

А, ТИ, драга наша ФИЛХАРМОНИЈО, продолжи да сонуваш и понатаму со широко отворени очи. Да ги привлекуваш на твојот подиум уметниците кои умеат да ја разберат моќта на креацијата.

Концертот на 26 ноември (ПЕТОК), со кој симболично ќе го прославиш своето постоење, е само уште еден во низата исклучителни настани што се паметат и за што ќе се зборува.

Драги наши вљубеници во музиката, ве каниме на уште едно убаво патување, на концертот „Убава Русија“, заедно со извонредната виолинистка од Русија, Марија Солозобова и маестро Конрад ван Алфен од Холандија зад диригентскиот пулт, со маестрални дела од Брамс и Чајковски.

Оркестарот е формиран на 24 ноември во 1944 година, по завршувањето на Втората светска војна и само 11 дена по ослободувањето на Скопје. На ул. „Крушовска“ бр. 27, во домот на композиторот Тодор Скаловски, еден од стожерите на македонската музичка култура, се одржал првиот состанок на група музичари со цел да формираат симфониски оркестар, да го формираат првиот Државен оркестар, да ги стават темелите на една голема културна институција, прва од таков вид во ослободена Македонија. Создавањето на Филхармонија во едно такво време-невреме, е всушност револуција во духовната смисла на зборот. Револуција што ќе ја направат само неколкумина уметници кои наместо пушки, во рацете ќе држат музички инструменти со кои ќе „пукаат“ со чудесните звуци на најубавата уметност – музиката, погодувајќи ги нивните следбеници директно во срцето.

Филхармонија продолжува да твори и во ова денешно време-невреме, затоа што таа знае дека музиката може да биде лек за сите болести на човештвото!

Следни настани