Анна Кондратенко

концертмајстор

Родена е во Новосибирск, Русија, каде што почнува да свири виолина на четиригодишна возраст. Своето музичко образование го започнува во Специјалната музичка школа во класите на О.Марченко и на А.Гвоздев, а продолжува во класата на проф. В. Третјаков на Високата музичка школа во Келн, каде што дипломира во 2004 година. Како солист и концерт-мајстор настапува со Младинскиот симфониски оркестар (Новосибирск), Симфонискиот оркестар на Филхармонија (Новосибирск), Интернационалниот симфониски оркестар (Michigan, USA), Klassische Philharmonie Bonn (Germany), Philarmonie der Nationen и други во Русија, Украина, Унгарија, Германија, Шпанија, Франција, Бразил, Америка, Малезија, Кина, Либан и Јапонија.

Исто така, учествува на различни мајстер-курсеви (кај Z.Bron, D.Zigmondi) и фестивали, меѓу кои: Mozarteum (Austria), Holzhausen Musiktagen (Germany) и др. Таа е победник на многубројни серуски и меѓународни натпревари, меѓу кои се Ерденко и Мравински во Русија и Ј.Ниман во Германија. Пред две години,основа квартет „Филхармонија“ од членови на оркестарот на Македонската филхармонија со кои остварува настапи на домашни и на меѓународни фестивали. Моментно, работи како концерт-мајстор и солист во оркестарот на Македонскатафилхармонија и како концерт-мајстор и солист на оркестар на F.A.M.E.‘S Project во Скопје.

„Како вистинска Русинка, секој слободен миг во денот го минувам со книга уште од дете. Кога бев мала, читав додека вежбав виолина. Не е пожелно да влезам во добра продавница за книги со пари или картичка зашто се заборавам и купувам книги со сите расположливи средства во мене“.

Skip to content