ФАМЕ'С
ФАМЕ'С европскиот окрестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ'С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Организиран во објектот и професионалното студио на ФАМЕ’С во Скопје, центарот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа. Овој проект е дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE), поддржан од Европската Унија. Креирајќи професионална и оригинална оркестарска и музичка содржина, преку различни дигитални платформи, проектот се стреми и кон развој на нова публика, пренесувајќи ги искуствата и културниот диверзитет на европското музичко наследство. Овој институт во кој главен фокус има делувањето на оркестарот кој работи во полето на класичната, хибридната, филмската музика, професионално снимање на оркестарска музика. Фаме’с Институтот беше домаќин на голем број млади музичари од различни земји од Европа (земји учеснички во програмата Креативна Европа) како и врвни музички уметнции кои ги раководеа активностите на оваа програма. Меѓу нив, ќе ги забележиме и имињата на диригентот Тимоти Редмонд, Колсимча бенд, Оливие Труан, Алистер Кинг, Луис Иварс, Франческо Тристано, Роб Мазурек, Бенџамин Шварц, Куареим Квартетот, Оливие Дежурс, Етијен Аблеин, Габриел Прокофјев, Игор Корети и Емили Дејвис.