Nikolla Trajkovski
horne e dytë
Започнува да свири хорна во основното училиште на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на проф. Александар Гошев. Средното образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, исто така, во класата на проф. Александар Гошев. Од учества на државни натпревари, има освоено бројни први награди и една прва награда на меѓународниот натпревар ,,Охридски бисери“ во 2015 година. Остварува свој солистички концерт во Струмица, а како солист настапува со оркестарот на Факултетот за музичка уметност во Скопје и Воениот оркестар на АРМ. Има остварено настапи како дел од Симфонискиот оркестар на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Симфонискиот оркестар на ФМУ во Скопје, камерниот состав на Музичката младина на Македонија, Битолскиот камерен оркестар. Дел е од меѓународниот оркестар за снимање филмска музика F.A.M.E.’S.и дел е од повеќе камерни состави. Во текот на студиите, настапува како надворешен соработник во оркестрите на Македонската филхармонија и Македонската опера и балет. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Александар Гошев во јуни 2019 година и истата година се вработува во Македонската филхармонија.
Во слободно време свири гитара, вози велосипед, чита книги, гледа филмови. Сака времето да го поминува во природа, со своето семејство, со своите пријатели и со својот домашен миленик.