Maja Efremova – Sheqerova
zëvendës mjeshtër koncerti
Како ќерка на музичар (виолист во оркестарот на МОБ), детството го поминува со музиката на познатите оперски композитори зад сцената на Македонската опера. Оттука произлегува и љубовта кон класичната музика. На седумгодишна возраст се запишува на виолина во нижото музичко училиште во Скопје кај проф. Паскали Николов. Во родниот град ја добива целата своја музичка наобразба. Дипломира во 1995 година во класата на проф. Михајло Куфојанакис, а магистрира во 2001 година кај проф. Зоран Димитровски. Во текот на школувањето, добитник е на неколку државни награди за соло-виолина и камерни состави. За време на студирањето, член е на Камерниот оркестар на Музичката младинана Македонија и гостува во Војводинската младинска филхармонија и меѓународниот младински оркестар Алтембург, Германија. Од 1996 година е член на Македонската филхармонија во групата први виолини. Постојан член е на Камерниот оркестар на Филхармонија и на студиото за филмска музика F.A.M.E.’S. Има остварено бројни патувања во САД, Франција, Полска, Шведска, Шпанија, Кина, Португалија итн. Вљубеник е во камерното и оркестарското музицирање. Од 2015 година работи на местото заменик концерт-мајстор.
Ужива во чаша вино по успешен концерт, во службените и приватните патувања, во добра книга, филм, театарска претстава и, секако, музика.