Lubica Deleva
violinë
Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Олег Кондратенко. Во 2018 година, успешно го реализира вториот дел од дипломскиот испит (концерт) со највисока оценка. Во 2017 година, успешно ја положува аудицијата за надворешен соработник во Македонската филхармонија и учествува во многубројни концерти со светски познати солисти и диригенти. Во 2016 година, успешно ја положува аудицијата во оркестарот за снимање филмска музика F.A.M.E.S. Orcestral recording и е редовен член во многубројни проекти. Истата година ја положува и аудицијата за надворешен соработник во Македонската опера и балет. Има настапувано како солист и концерт-мајстор со Симфонискиот оркестар при ФМУ во Скопје, камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“, Симфонискиот и Камерениот оркестар при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Во 2012 и 2014 година, настапува како солист со оркестарот на Македонскатафилхармонија. Има бројни солистички настапи на „Виолинфест“, „Скопско лето“, „Охридско лето“ и „Штипско културно лето“, како и на интернационалниотфестивал на класична музика„Интерфест“ – Битола“. Добитник е на многубројни државни и меѓународни награди.
„Посебна чест и задоволство за мене е што сум дел од оркестарот на Македонската филхармонија каде што имав можност да соработувам со врвни музички имиња како што се Вадим Репин, Антони Вит, Конрад ван Алфред, Давид Фре, Вадим Глузман, Николас Алштед и многу други врвни солисти и диригенти. Во слободно време уживам во добар филм или добра книга, возење велосипед, готвење и запознавање нови култури преку патувања“.