Lejla Brns
violinë
Со музиката започнува да дружи на шестгодишна возраст.Дипломира на отсекот за виолина на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2001година во класата на проф.Михајло Куфојанакис,но во текот на студиите музичкото образование го надополнува и кај проф. Леонид Пејсахов. Посетува часови кај Сихана Бадивуку,Благоја Димчевски,а три години е дел од мастер-клас во Виена,каде што во текот на летните месеци настапува како член на Гудачкиот камерен оркестар во Грац.
Професионалниот ангажман во Македонската филхармонија го започнува по нејзиното дипломирање, во почетокот како волонтер,а од 2007 година како постојан член,во секцијата први виолини.
„Музиката е постојан дел од мојот живот,бидејќи четири од моите деца свират виолина.Кога сме дома, звуците на виолината го исполнуваат поголемиот дел од нашиот ден,а во слободното време уживаме во долгите прошетки,радувајќи се на цвеќињата, чистиот воздух.Времето поминато со семејството, според мене, е непроценливо и незаменливо.Дома често ја пуштаме музиката од балетот ’Оревокршачка‘ и готвиме сите заедно,потпевнувајќи ги прекрасните мелодии од Чајковски…“