Kristijan Gallabov

kontrabas

Роден е во 1972 година во Скопје. Средно музичко образование завршил во Скопје во класата на проф. Велко Тодевски на отсекот за контрабас, кај кого ги продолжил и студиите на Факултетот за музичка уметност. Дипломирал во 1996 година. Во текот на школувањето има учествувано на бројни натпревари и има освоено многу награди.

Во Македонската филхармонија членува од 1995 година, а од 1999 година е нејзин постојан член. Во текот на годините има настапувано со повеќе странски и домашни диригенти, како што се:Емил Табаков, Јерухам Шаровски, Рамиз Асланов, Антон Нанут, Јануш Пшибилски, Урош Лајовиц, Тимоти Редмонд, Саша Николовски-Ѓумар, Борјан Цанев…

Со Македонската филхармонија патувал на повеќе турнеи во Романија, Бугарија, Србија, Хрватска, БиХ, Оман, Шпанија, Кина, Израел…

Љубител е на убави жени, добра храна и добро вино.

„Во слободно време сакампрошетка во природа(качување на планини), дружба со семејството и пријателите и, секако, свирење контрабас“.

Skip to content