Jordan Kolevski
boria e tretë
Вљубеник е во лимените инструменти, барокот и џез-стандардите. Од корнет, преку Б и Ц труба до пиколо труба и флугел хорна, љубопитноста за лимените инструменти ја проширува и на проучување на хорната.
Своето образование го формира преку нижото музичко училиште во родното Куманово, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ иФакултетот за музичка уметноство Скопје, на додипломски студии по труба, Конзерваториумот во Монпелје, Франција,на специјализација на современа музика, и на Конзерваториумот „Супериор“ во Лион, Франција,на постдипломски студии по труба.
Има посетувано низа обуки и предавања кај професорите Алан Сиберт, Ричард Илман, Стефан Џонс и Грег Гуд во САД. Во 2018 година, дипломира и на отсекот за хорна на ФМУ во Скопје.На местото трета труба е вработен од 2013 година поповеќегодишно анражирање како хонорарец.
Иако е голем љубител на барокот и со големо внимание може да ги изработува различните барокни украси, сепак, со еднаква почит пристапува на сите музички стилови особено современата музика. Има реализирано низа солистички настапи со камерниот оркестар „Скопје лејдис“ на повеќе манифестации. Член е на ансамблот за современа музика „Контемпора“, постојан член е на оркестарот F.A.M.E.’S.од 2009 година. Со џез-сцената се запознава преку работата во Танцовиот оркестар на МРТВ во 1995 година. Изминатата деценија на домашната џез-сцена е активен со „Жозефин суспендерс“, „Џез-френдс дуо“ и оркестарот на ЗЏМ.
Пријателите му се воодушевуваат на одговорноста и прецизноста, особини што и тој најмногу ги цени кај другите. Денот го започнува рано, со филтер-кафе и француски дневни весници, а секој слободен миг го минува со семејството во природа или на своето второ работно место– како„мајстор за играчки“ под водство на син му.