Ilinka Vellkova
flaut e dytë, pikolo
Дипломира флејта на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2002 година во класата на проф. Бети Станковска.Магистрира на ФМУ во 2018 година во класата на проф. Страшо Темков.Се усовршува на семинари кај еминентните педагози Миодраг Азањац и Андрош Адорјан.Во текот на школувањето, освоила бројни награди на државни и на меѓународни натпревари во категоријата за флејта и камерна музика.Дебитира со Македонската филхармонија на 16-годишна возраст со изведба на Концертот за флејта од Моцарт. Во 1999 година, започнал нејзиниот професионален ангажман како флејтист и пиколист во оркестарот на Македонската филхармонија.Како член на оркестарот, соработувала со бројни светски диригенти и солисти како што се Владимир Ашкенази,Дорон Саломон,Кшиштоф Пендерецки,Јерухам Шаровски, Џулијан Рахлин,Борис Березовски,Вадим Репин,Симон Трпчески…Покрај оркестарскиот ангажман, настапува солистички и со различни камерни состави, а има аудио и видеозапис за МРТВ.
„Кога имам слободно време, уживам во природа.Сакам физичка активност во природа,како што се трчање и возење велосипед.Сакам да прочитам убава книга и да гледам добар филм.Моја голема страст е патувањето.Сакам да патувам и да запознавам различни култури“.