Goce Talevski
flaut pikolo, flaut dhe flaut alt
Музичко училиште завршува во Битола во класата на проф. Кирил Петков, а дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Паралелно посетува настава кај реномираната професорка Лидија Ошавкова од Националната академија за музика во Софија. Добитник е на државни и на меѓународни награди и учествувал на бројни мастер-класови кај реномирани флејтисти – Ф.Бернолд, А.Адорјан, Ф.Перлу, Е.Бејнон, М.Кароли и др. Во официјална конкуренција учествувал на меѓународниот и светски признат конкурс за флејта „Жан Пјер Рампал“ во 2008 година. Официјален член е на оркестарот на Македонската филхармонија од 2007 година.
„Покрај апетитот кон симфонискиот звук, дегустирам и широкоспектарни стилови на добро напишани страници од поети и писатели, го сакам синото небо и сонцето како плафон, а под него сина морска вода или снежна белина со стрмни скијачки патеки. Природата и патувањата ме ресетираат, а омилена лабораторија ми е кујната каде што постојано експериментирам со различни состојки…Не можам и без добар парфем“.