Dubravka Zajkova
zëvendës- drejtues i violave
Родена е во 1965 година во Скопје.Своето основно и средно музичко образование го стекнува во Музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“, во класата на проф. Павлина Мисиркова, а потоа продолжува на студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Љубомир Господинов на отсекот за виола, каде што и дипломира. По дипломирањето, се вработува во Македонската филхармонија.
Во текот на работниот век е член на повеќе камерни состави во рамките на оркестарот,а исто така е и долгогодишен хонорарен соработник во Македонска опера и балет и Камерниот оркестар при МРТ.Во рамките на матичната куќа, остварува повеќе турнеи и гостувања во Италија, Шпанија, Франција, Австрија, Оман, Казахстан,Србија,Бугарија и др.Член е на оркестарот F.A.M.E.‘S од неговото формирање и на гудачкиот квартет „Вива стрингс“.
Слободното време најмногу го поминува со семејството, во кое спаѓаат и двете кучиња, со кои сака да шета во природа. Сака возење велосипед,скијање и дружење со пријателите.