Biljana Andonovska
violinë
Во Македонската филхармонија е од 1988 година како стипендист и хонорарен соработник. По дипломирањето во 1989 година, се вработува како редовен член на оркестарот.
„За мене овој оркестар е втор дом. Поминавме заедно многу концерти, турнеи, растевме, созревавме. Концертиравме во секакви сали во Скопје и среќна сум што во последниот дел од мојот работен век се дружиме во нашата нова сала.
Во слободно време сакам да скијам, да бидам во природа и затуткана дома со убава книга“.