Atanas Aleksov
perkuse
Дипломира во 2006 година, а подоцна и магистрира, во 2010 година, на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот за ударни инструменти. Како ученик и студент се здобива со голем број признанија и награди, и во државата и на меѓународно ниво, од коие најзначајно третото место на престижниот светски натпревар по музика “Coupe Mondiale” во Копенхаген, Данска (2002). Од 2002година започнува неговиот ангажман како надворешен соработник – перкусионист во Македонската филхармонија,а од 2008година како редовно вработен, каде штоима можност да соработува со врвни диригенти и солисти. Активен е и како солист, членува и соработува со повеќе камерни состави и оркестри со кои имаголем број концерти во престижни културни центри низ цела Европа.Како солист, во 2012 година го изведува “CONCERTO N.1 FOR VIBRAPHONE AND ORCHESTRA” – Ney Rosauroво придружба на Македонската филхармонија.
„Сон на секој млад музичар е да биде дел од некој голем и реномиран оркестар. Ми претставува огромна чест што сум вработен во Македонската филхармонија, што имам можност да придонесам за нивото и реномето кое го има стекнато оркестарот и се надевам дека оркестарот ќе продолжи да се развива во нагорна линија низ годините што доаѓаат. Во слободно време сакам да патувам, да шетам во природа, да се дружам, да настапувам со бендови и сум голем љубител на современата аудиовизуелна технологија и сѐ што е поврзано со сцена и концерти“.