По цели 73 години од своето постоење, Филхармонија на РСМ конечно доби свој дом. Нов музички храм кој ќе почне да испишува и нова историја на најстарата национална музичка институција во земјава. Сместена помеѓу Државното музичко-балетско училиште „Илија Николовски-Луј“ и Македонската опера
и балет, современата концертна сала изградена по светските стандарди за тоа како треба да изгледа и да функционира простор наменет за симфониски оркестар, е мелем за очите. Нејзиното издигнување значеше и заокружување на толку неопходната музичка и воопшто уметничка димензија
на градот.Филхармонија на РСМ е првиот и единствен симфониски оркестар во Република Северна Македонија, а со тоа и единствен постојан репрезент на симфониското творештво на македонската музичка сцена. Инвентивниот и креативен репертоар е во баланс со
традиционалните музички вредности и токму тоа ја привлекува публиката, особено новите генерации на слушатели. Оркестарот е формиран на 24 ноември во 1944 година, по завршувањето на Втората светска војна и само 11 дена по ослободувањето на Скопје. На ул. „Крушовска“ бр. 27, во… повеќе