ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ОД 27.11.2019

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ОД 27.11.2019

Врз основа на член 77-a, 77-в од Законот за култура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/1998; 49/2003; 82/2005; 24/2007; 116/2010; 47/2011; 51/2011; 136/2012; 23/2013; 187/2013, 44/2014, 61/15 и 154/2015), член 22 и член 23 од Законот за работните односи(Сл.Весник на РМ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), Правилник за формата и содржината на јавниот оглас и пријавата за вработување на носители на дејности-уметници и технички персонал во  Националната установа Македонска  филхармонија  од Скопје, бр.02 – 671/ 4 од 15.11.2018, а во врска со Одлука за објавување јавен оглас бр. 04 – 651/1 од 25.11.2019, и Согласност од Министерството  за финансии бр. 18-11791/3/3 од 07.11.2019 година се објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2019 ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 

1.НУ Македонска филхармонија има потреба од вработување на четиринаесет (14) лица, за  следните работни места :

I. тон мајстор ( едно лице) со  шифра КУЛ 04 05 А01 004 категорија  Г подгрупа 5 ниво 05 А01, на неопределено време.

Посебни услови:

– Искуство во работа со тонско снимање и музичка продукција.

– Средно  четиригодишно образование.

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 23.094,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2019 година бр. бр. 04-329/2.

II. Одговорен сценски работник -координатор за зеднички работи и безбедност  (едно лице)  со шифра КУЛ 04 01 А02 007  категорија А подгрупа 1 ниво А2, на неопределено време.

– Средно  четиригодишно образование.

– Со или без работно искуство

– Основна нето плата согласно работното место изнесува: 20.000,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2019 година бр. бр. 04-329/2.

III.стручен соработник за музичка архива – нототекар (едно лице)  со шифра  КУЛ 03 04 Г02 009 категорија Г –стручни соработници во дејноста во областа на културата ниво Г2, на неопределнео време.

Посебни услови:

– степен и  вид на образование: вискоко образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен

или завршено средно музичко училиште;

– работно искуство, и тоа: најмалку пет години работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 21.000,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2019 година бр. бр. 04-329/2.

IV. друг уметник прва група – пијанист  (едно лице)  со шифра  КУЛ 03 04 А03 020 категорија А – уметници, ниво А3,  на определено време до 31.12.2019 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура.

 

Посебни услови:

– ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;

– работно искуство, и тоа: најмалку три години работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 33.743,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2019 година бр. бр. 04-329/2.

V. дувач I група Хорна  (едно лице)  со шифра  КУЛ 03 04 А03 005 категорија А – уметници, ниво А3, на определено време до 31.12.2019 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура.

Посебни услови:

-ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;

– работно искуство, и тоа: најмалку три години работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 33.743,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2019 година бр. бр. 04-329/2.

 

VI. друг уметник трета група IV Хорна (едно лице)  со шифра  КУЛ 03 04 А05 013 категорија А – уметници, ниво А5. на определено време до 31.12.2019 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура.

Посебни услови:

– ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;

– работно искуство, и тоа: најмалку една година работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 27.433,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2019 година бр. бр. 04-329/2.

VII. I  Прва виолина тути (едно лице) шифра КУЛ 03 04 А05 007 категорија А – уметници,  ниво А5. на определено време до 31.12.2019 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура.

Посебни услови:

– ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;

– работно искуство, и тоа: најмалку една година работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 27.433,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2019 година бр. бр. 04-329/2.

VIII. Втора виолина тути (едно лице) шифра  КУЛ 03 04 А06 002 категорија А – уметници ниво А6,  на определено време до 31.12.2019 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура.

Посебни услови:

– ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;

– работно искуство, и тоа: најмалку една година работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 25.848,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2019 година бр. 04-329/2.

 

IX. Гудачи контрабас –тути (две лица) шифра КУЛ 03 04 А06 002 категорија  А – уметници ниво А6, на определено време до 31.12.2019 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура.

 

Посебни услови:

– ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;

– работно искуство, и тоа: најмалку една година работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 25.848,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2019 година бр. бр. 04-329/2.

X. Тути Гудачи Виола  (две лица) шифра КУЛ 03 04 А06 002 категорија  А – уметници ниво А6, на определено време до 31.12.2019 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура.

Посебни услови:

– ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;

– работно искуство, и тоа: најмалку една година работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 25.848,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2019 година бр. бр. 04-329/2.

XI.Тути Гудачи Виолончело (едно лице) шифра КУЛ 03 04 А06 002 категорија  А – уметници ниво А6, , на определено време до 31.12.2019 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура.

Посебни услови:

-ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;

– работно искуство, и тоа: најмалку една година работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 25.848,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2019 година бр бр. 04-329/2.

XII.друг уметник втора група –тромбонист и бас тромбон (едно лице) шифра КУЛ 03 04 А04  023 категорија А – уметници,  ниво А4, , на определено време до 31.12.2019 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура.

Посебни услови:

– ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;

– работно искуство, и тоа: најмалку две години  работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 28.225,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2019 година бр. бр. 04-329/2.

 

 

2. Кандидатите за сите  работноти места треба да ги исполнува општите услови:

• да е полнолетен

• да има општа здравствена способност за работното место и

• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

3.Дневното и неделното работно време за огласеното работно место под бр. I и II  ќе се одвива во две смени, во зависност од програмата за работа на работодавачот, а во рамките на 40 часовното недено.

I. 4. Дневното и неделното работно време за огласеното работно место бр. III и бр. IV, V, VI,VII, VIII, IX, X и XI   се организира, согласно  месечниот план за проби и концерти, а во рамките на 40 часовното неделно работно време.

5. Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место.

Пријавата  за вработување особено содржи (име и презиме, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење,контакт телефон)како и кратко мотивациско писмо ;

– кратка биографија

– изјава за исполнување на посебните услови со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;

-изјава за исполнување на посебните услови за работното место ДА/НЕ за секој услов одделно;

– кандидатите покрај пријавата треба да приложат и:

– доказ за завршено образование;

– уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци)

– доказ за работно искуство во струката;

– потврда дека не е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);

-лекарско уверение за општата здравствена способност (не постаро од 6 месеци);

-други документи наведени во точка 3

Пополнетите пријави, заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават лично во архивата на Македонската филхармонија  или по пошта на адреса: Национална установа Македонска филхармонија, Кеј Димитар Влахов бб.  1000 Скопје

6.Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас.

За работните места под бр.I, II и III ќе се спроведе интервју, за денот, часот и местото на одржување на интервјуто  кандидатите, ќе бидат известени на оглaсна табла, веб-страна на Македонската  филхармонија.

За работните места наведени под бр. IV, V, VI,VII, VIII, IX, X, XI и XII ќе се спроведе Аудиција согласно Правилникот за полагање на аудиција и Програмата за полагање на аудиција, ќе бидат известени на оглсна табла, веб-страна на Македонската  филхармонија.

7.Јавниот оглас трае 15 дена од денот на неговото објавување во дневниот печат.

8.Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување.

 

НУ Македонска  филхармонија

Директор

Виктор Илиески