ЈАВЕН ОГЛАС БР. 1 ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 2020

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 1 ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 2020

Врз основа на член77-a, 77-в од Законот за култура („Службен весник на РепубликаМакедонија“ бр. 31/1998; 49/2003; 82/2005; 24/2007; 116/2010; 47/2011; 51/2011; 136/2012; 23/2013; 187/2013, 44/2014, 61/15 и 154/2015),член 22 и член 23 од Законот за работните односи (Сл.Весник на РМ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), Правилник за формата и содржината на јавниот оглас и пријавата за вработување на носители на дејности-уметници и технички персонал во Националната установа Македонска филхармонија од Скопје, бр.02 – 671/ 4од15.11.2018, а во врска со Одлука за објавување јавен оглас бр.04–25/1 од 16.01.2020, и Согласност од Министерството  за финансии бр.18-12130/2 од 31.12.2019 година, и Согласност од Министерство за информатичко општество и администрација бр. 12/6 – 341/3 се објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2020 за вработување

 

1. НУ Македонска филхармонија има потреба од вработување на шест (6) лица,за следните работни места :

I. Дувач I група Тромбон  (едно лице)  со шифра  КУЛ 03 04 А03 006 категорија А – уметници, ниво А3, на определено време до 31.12.2020 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура.

Посебни услови:

-ниво на образование 240 ЕКТС илизавршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;

– Работно искуство, и тоа: најмалку три години работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 33.743,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2020 година бр. 04-503/2 од 02.09.2019 година.

II.Дувач I група Хорна  (едно лице)  со шифра  КУЛ 03 04 А03 005 категорија А – уметници, ниво А3, на определено време до 31.12.2020 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура.

Посебни услови:

-ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;

– работно искуство, и тоа: најмалку три години работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 33.743,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2020 година бр. 04-503/2 од 02.09.2019 година.

III.Дувач I група Труба  (едно лице)  со шифра  КУЛ 03 04 А03 004 категорија А – уметници, ниво А3, на определено време до 31.12.2020 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура.

Посебни услови:

-ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;

– работно искуство, и тоа: најмалку три години работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 33.743,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2020 година бр. 04-503/2 од 02.09.2019 година.

IV.Прва виолина тути (едно лице) шифра КУЛ 03 04 А05 007 категорија А – уметници, ниво А5. на определено време до 31.12.2020 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура.

Посебни услови:

– ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;

– работно искуство, и тоа: најмалку една година работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 27.433,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2020 година бр. 04-503/2 од 02.09.2019 година.

V. I група Тимпанист  (едно лице)  со шифра  КУЛ 03 04 А03 017 категорија А – уметници, ниво А3, на определено време до 31.12.2020 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура.

Посебни услови:

-ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;

– работно искуство, и тоа: најмалку три години работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 33.743,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2020 година бр. 04-503/2 од 02.09.2019 година.

 

 

 

VI. Втора виолина тути (едно лице) шифра  КУЛ 03 04 А06 002 категорија А – уметници ниво А6,  на определено време до 31.12.2019 година, со можност за продолжување согласно член 77-в став (2) од Законот за Култура.

Посебни услови:

– ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно музичко училиште;

– работно искуство, и тоа: најмалку една година работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 25.848,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2020 година бр. 04-503/2 од 02.09.2019 година.

2. Кандидатите за сите работноти места треба да ги исполнува општите услови:

• да е полнолетен

• да има општа здравствена способност за работното место и

• со правосилна судска пресуда данему е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

3. Дневното и неделното работно време за огласеното работно место бр. 1,2,3,4,5 и 6 се организира, согласно месечниот план за проби и концерти, а во рамките на 40 часовното неделно работно време.

 

4. Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и

приложување на докази за исполнување на условите за работното место.

 

Пријавата за вработување особено содржи (име и презиме, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, контакт телефон) како и кратко мотивациско писмо ;

 

-кратка биографија

 

– изјава за исполнување на посебните услови со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;

-изјава за исполнување на посебните услови за работното место ДА/НЕ за секој услов одделно;

Кандидатите покрај пријавата треба да приложат и:

– доказ за завршено образование;

– уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци)

– доказ за работно искуство во струката;

– потврда дека не е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);

-лекарско уверение за општата здравствена способност (не постаро од 6 месеци);

-други документи наведени во точка 4.

Пополнетите пријави, заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават лично во архивата на Македонската филхармонија или по пошта на адреса: Национална установа Македонска филхармонија, Кеј Димитар Влахов бб.  1000 Скопје

5. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас.

За работните места наведени под бр.I,II, III, IV, V, VI ќе се спроведе Аудиција согласно Правилникот за полагање на аудиција и Програмата за полагање на аудиција, ќе бидат известени на оглсна табла, веб-страна на Македонската филхармонија.

6. Јавниот оглас трае 15 дена од денот на неговото објавување во дневниот печат.

7.Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување.

 

 

 

НУ Македонска филхармонија

Директор

Виктор Илиески