ЈАВЕН ОГЛАС бр.03/2021

ЈАВЕН ОГЛАС бр.03/2021

Пријава за јавен оглас

 

Република Северна Македонија

бул. Гоце Делчев бр.2 ▪ 1000 Скопје▪тел: +389 2 3118 450 ▪  факс: +389 2 3165 753▪contact@filharmonija.org.mk

bul. Goce Delcev br.2  ▪ 1000 Skopje  ▪ phone: +389 2 3118 450 ▪ fax: +389 2 3165 753  ▪ contact@filharmonija.org.mk         

www.filharmonija.mk

 

Врз основа на член 77-a од Законот за култура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18),член 22 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19), Правилник за формата и содржината на јавниот оглас и пријавата за вработување во зависност од категоријата и новото на работното место за кое се објавува оглас во Националната установа Филхармонија на Република Северна Македонија – Скопје бр.02-671/4 од 15.11.2018 година и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување во зависност од категоријата и новото работно место за кое се објавува јавниот оглас бр.02-113/4 од 07.04.2021 година,  Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор, преку вработување и пријавата за вработување, како и формата и содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/15), Правилник за полагање на аудиција во Национална Установа  Филхармонија бр.02-187/4 од 12.05.2021 година Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за полагање на аудиција во Национална Установа  Филхармонија бр.02-505/3 од 17.11.2021 година,  Одлука за објавување на јавен оглас бр.3/2021 за вработување бр.04-509/1 од 19.11.2021 година и Известување од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства бр.18-8925/2 од 31.12.2020 година, се објавува:

 

ЈАВЕН   ОГЛАС бр.03/2021

за вработување

Националната Установа Филхармонија на Република Северна Македонија – Скопје има потреба од вработување на едно (1) лице,за следното работно место:

I. Инструменталист на ударни инструменти (едно лице) со шифра КУЛ 03 04 А04 012 категорија А – уметници ниво А04, на определено време до 31.12.2021 година.

Посебни услови:

  • степен и вид на образование: вискоко образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен (ударни инструменти) или средно стручно, музичко училиште;
  • работно искуство: најмалку две години работно искуство во струката.

 

Основна нето плата согласно работното место изнесува: 36.606,00 денари.

Согласно Годишниот план за 2021 година бр.04-283/2 од 08.07.2021 година, вработувањето е предвидено за Ром /ка. Известување од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства бр.18-8925/2 од 31.12.2020 година

Дневното и неделното работно време за огласеното работно место под бр.I се организира, согласно месечниот план за проби и концерти, а во рамките на 40 часовното неделно работно време.

Кандидатите за работното место треба да ги исполнуваат општите услови:

  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да нему е изречена казна за брана за вршење на професија, дејност или должност
  • да е државјанин на Република Северна Македонија

Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава со приложување на докази за исполнување на условите за работното место. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат од пријавницата во НУ Филхармонија на Република Северна Македонија – Скопје или на веб страната www.filharmonija.org.mk.

Пријавата кандидатите се должни да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Со пријавата треба да се достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови.

Кандидатите кон пријавата треба да приложат:

-кратка биографија

– доказ за завршено образование;

– уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци)

– доказ за работно искуство во струката;

– доказ дека не е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци);

-доказ за општа здравствена способност за работното место (не постаро од 6 месеци);

 

 

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија – Скопје кои ги исполнуваат условите за конкурирање.Кандидатите со пријавата доказите за исполнување на бараните услови во овој оглас,  да ги достават во оригинална форма или копија заверена на нотар.

Пополнетите  пријави, за едно со прилозите,  кандидатите да ги достават во архивата на НУ Филхармонија на Република Северна Македонија – Скопје или по пошта на адреса: Национална установа Филхармонија на Република Северна Македонија – Скопје, бул.Гоце Делчев бр.2. 1000 Скопје (со назнака „јавен оглас број- 3/2021).

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 15 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот во дневните весници (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

 

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работни односи.

За работното место наведено под бр.I од овој оглас, ќе се спроведе административна селекција и аудиција на пријавените кандидати од страна на надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени по јавниот оглас.

Пријавените кандидати, кои ја поминале административната селекција за датумот и местото за одржување на аудицијата, освен преку огласна табла и интернет страната на инситуцијата, ќе бидат известени на нивните емаил адреси и на телефонските броеви кои се наведени во пријавата за вработување.

Пријавените кандидати за работното место наведено под бр.I по завршувањето на јавниот оглас имаат рок од 21 ден да се подготват за аудиција. Нотниот материјал потребен за полагање на аудицијата, за секој инструмент поединечно, кандидатите можат да го побараат и добијат во електронска форма (по меил или по пат на симнување од сајт со база на податоци) или во хартиена форма (подигнување на материјалот од нототеката во институцијата).

Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување НУ Филхармонија на Република Северна Македонија – Скопје.

 

НУ Филхармонија на РСМ

в.д директор

Тина Иванова Бејков