ТРИО ГИТАРИ ЕЛОГИО

ТРИО ГИТАРИ ЕЛОГИО

Солист:
Петрит Чеку
Солист:

Камерна сала на Филхармонија

Концерт на Трио Елогио:

Петрит Чеку (Косово)

https://www.youtube.com/watch?v=nb6Rf2FfCwY

Педро Рибеиро Родригез (Португалија)

Томислав Вукшиќ (Хрватска)

Програма:
В.А. Моцарт, М. Руждјак, С. Рахмањинов, Ф. Шуберт…

 

Гитарското „Трио Елогио“ е основано во 2009 година од тројца гитаристи кои своето образование го стекнале кај големиот проф. Дарко Петрињак на Музичката академија во Загреб: Петрит Чеку, Педро Рибеиро Родригес и Томислав Вукшиќ. Иако доаѓаат од единственото т.н. Загрепско гитарско училиште, овие музички уметници живеат и делуваат во различни средини, со што ја нагласуваат сопствената музичка културна разновидност. Во својот концертен репертоар негуваат дела аранжирани за гитари од големите оркестарски композитори, како и современи дела и за мошне кусо време, Триото реализира голем број на концерти особено на европските фестивали. Посебен придонес даваат за зачувување на хрватското звучно творештво, а неодамна го снимија и нивното ново ЦД со дела од Моцарт, Руждјак и Дворжак.
Петрит Чеку (1985) е роден во Косово каде што го започнал музичкото образование, а кога се преселил во Загреб (2002) продолжил да студира на тамошната Музичка академија каде што и дипломирал. Од 2009 до 2013 година се усовршувал на Конзерваториумот „Пибоди“ во Балтимор. Неговиот исклучителен сензибилитет и експресивност ја привлекуваат публиката и критичарите ширум светот. Гитарскиот критичар Колин Купер, на пример, го нарече „солист со високи можности“. Во текот на својата богата кариера, освоил девет први награди на меѓународни натпревари во САД и Европа. Чеку првата студиска плоча ја објави во 2008 година за американската дискографска куќа „Наксос“ и истата година е награден со „Млад музичар на годината“ која ја доделува Загрепската филхармонија, како и со наградата „Иво Вуљевиќ“ за музичка надеж и го освојува натпреварот „Фердо Ливадиќ“.
Томислав Вукшиќ (Загреб, 1980) дипломирал гитара во Загреб, а постдипломските студии ги завршил на Кралскиот конзерваториум во Ден Хаг, кога му е доделна престижна стипендија за талентирани студенти. Досега реализирал многубројни настапи особено во Европа, рецитали, но и како член на триото „Елогио“. Добитник е на неколку награди на хрватските државни и меѓународни натпревари за гитара, а во моментов работи како доцент на Музичката академија во Загреб.
Педро Рибеиро Родригез е класичен гитарист од Португалија и делува како солист, камерен музичар, педагог и аранжер. На својот прв носач на звук („Нумерика“ 2013) ги изведува сонатите на Карлос Сеиксас во сопствена обработка за гитара, што е единствената солистичка гитарска снимка во целост посветена на тој португалски композитор. Родригез се школувал во Португалија, како и во Загреб и посетувал инспиративни мајсторски работилници кај врвни гитаристи. Член е на повеќе камерни состави, а е извонреден и како педагог работејќи во Загреб и во Амстердам.

Следни настани