QUEEN SYMPHONY SHOW

22.06.2018 [Петок] @ 21:00
Редовна програма / Градски парк (кај школка)
Град Скопје, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, го најавуваат најголемото „Квин симфони шоу!“
 
На 22 јуни во Градскиот парк, на отворено, со почеток во 21:00 часот, ќе настапи познатиот „QUEEN REAL TRIBUTE“ бенд, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и Хорот на Македонската опера и балет, а под диригентство на Милош Јовановиќ од Србија.

Еден од најдобрите светски „Квин“ трибјут бендови, со специјални аранжмани за оркестар и хор, ќе ги изведе најголемите хитови на една од највлијателните групи на сите времиња. „QUEEN REAL TRIBUTE“ во состав: Иван Ристановиќ - вокал; Ненад Бојковиќ - гитара; Иван Дерфи - бас; Радош Чапин - тапани, постојано ја фасцинираат публиката ширум светот! Само во Бразил, групата свирела повеќе од 70 концерти, а досега настапила и во Португалија, Франција, Чешка, Швајцарија, Австрија, Бугарија, Романија, Словенија, Албанија, Хрватска... Со својот талент на пресликување на оригиналот, ја воодушевуваат публиката. Деталите на кои бендот посветува внимание во сценскиот настап се исто така фасцинантни. Фронтемнот носи идентични костими какви што носеше легендарниот Фреди Меркјури, додека гитаристот користи модел на гитара како Брајан Меј...
 
„The Show Must Go On“, „We Will Rock You“, „Bohemian Rhapsody“, „I Want To Break Free“ i „We Are The Champions“, се само некои од мегахитовите на легендарната група „Квин“ кои ќе можат да се слушнат во Градскиот парк, заедно со оркестарот и хорот со кои ќе диригира Милош Јовановиќ, кој наедно е и автор на аранжманите.
  • П
  • В
  • С
  • Ч
  • П
  • С
  • Н
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30
  • 31