Михал Нестерович

Откако ќе победи на Европскиот натпревар за диригирање „Кадакес“, Шпанија во 2008 година, полскиот диригент Михал Нестерович (1974) ќе застане зад пултот со голем број на водечки оркестри и ансамбли во Европа. Оваа концертна сезона го прави дебито со Минхенската филхармонија, со Симфонискиот оркестар на Хамбург, со Филхармонијата на Луксембург..., а се враќа да диригира и со симфонсиките оркестри на Барселона, Базел, Галиција, со Кралската филхармонија... Минатата сезона тој го направи своето успешно деби и со Кралскиот Шкотски Национален оркестар, Националниот оркестар на Бордо, со Националниот симфониски оркестар на Тајван, а меѓу другите настапи како позначајни се вбројуваат и оние со „Тонхале“ оркестарот во Цирих и со Кралската филхармонија во Ливерпул. Тој е музички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Тенерифе. Роден е во Вроцлав каде што и дипломирал на тамошната Академија за музика со највисоки оценки во класата на Марек Пијаровски (1997). По две години ќе биде еден од победниците на Интернационалниот натпревар по диригирање во Катовице. Во 2004, на 29 години, маестро Нестерович ќе биде назначен за уметнички директор на Полско-балтичката филхармонија во Гдањск. Еден период ќе биде и главен диригент на Националниот симфониски оркестар во Чиле, каде што на таа позиција ќе остане до 2011 година. Се разбира, Нестерович и понатаму диригира со сите оркестри во својата родна земја, Филхармонијата на Варшава, Филхармонијата во Вроцлав, Полскиот национален радио-симфониски оркестар.. За него критиката ќе каже дека е уметник од кој не може да се остане рамнодушен, бидејќи поседува експресивна гестикулација, интелигентна музичка имагинација, и неговите концерти се навистина уникатни.“

Сезона 2017/18

Даниел Рајскин

Русија / Холандија

Емил Табаков

Бугарија

Тимоти Редмонд

Велика Британија

Милан Силјанов

Швајцарија

Николас Алтштед

Германија / Франција

Роман Симовиќ

Црна Гора / Велика Британија

Џеси Милинер

Германија