Ансамбл ГАП

Името на ансамблот „Г.А.П.“ формиран во 2012 година, доаѓа од иницијалите на италијанскиот виолински виртуоз од 18. век, Џовани Антонио Пиани (Giovanni Antonio Piani). Овој ансамбл се состои од музичари-инструменталисти кои се на водечки позиции во најистакнатите европски барокни оркестри. Соработката со уметници како Викторија Мулова, Чечилија Бартоли, Даниел Хоуп, Кристоф Русе и Едита Груберова, како и настапите во концертни сали како Берлинска филхармонија,Театро Колон во Буенос Аирес, Палатата на музиката во Барселона, се само дел од искуствата што овој ансамбл ги има стекнато во досегашната кариера. Во 2012 година, ансамблот го издаде ЦД-то насловено „Афетуозо“, кое едногласно беше оценето од критиката како „високо уметничко достигнување и како вистинско откритие“. Нивните два следни албуми исто така се оценети со највисоки оценки во светските музички списанија.
 
Македонскиот уметник Емилио Перцан настапува како концертмајстор и како солист во различни европски оркестри од 2006 година, соработувајќи со извонредни музички имиња како Даниел Хоуп, Симон Кермес, Едита Груберова, Даниел Милер-Шот. Неговите ангажмани се навистина бројни и тој настапува во Европа, Русија, Јужна Америка, Јапонија, Кина, Израел, САД. Во 2013 година, Перцан настапи на европска турнеја со концерти за две виолини со виолинистката Викторија Мулова, а во 2014 претстави серии на концерти и мајсторски часови во Украина, Киргистан и во Русија, на конзерваториумот „Чајковски“ во Москва, на конзерваториумот „Санкт Петербург“ и на Гнесин институтот во Москва. Тој е визитинг професор по виолина и камерна музика Државниот универзитет за уметност и култура во Москва. Каталонецот Ориол Ајмат Фусте е активен како барокен виолончелист во неколку врвни барокни ансамбли, иако настапува и како современ виолончелист интерпретирајќи и дела од 20.век, а активно е вклучен и на популарната музичка сцена во Каталонија. Неговиот музички талент е рано откриен, па Фусте е добитник на стипендии и награди од неколку фондации, а е наградуван и на повеќе национални и интернационални натпревари. Италијанскиот чембалист Лука Куинтавиле соработува со повеќе оркестри во Европа, Израел, САД и Јапонија и снима за врвни издавачки куќи како „Хармонија мунди“, „Дојче Грамофон“, „Оникс“, „Иксперион“... Предава на Универзитетот на уметностите „Фолкванг“ во Есен, а држи и мајсторски часови на Московскиот државен универзитет, во Санкт Петербург, како и на Музичката академија „Роберт Шуман“ во Дизелдорф. Добитник е на значајни награди, а во 2018 година стана главен чембалист во „Чечилија Бартоли“ ансамблот.

Сезона 2019/20

Тимоти Редмонд

Велика Британија

Николас Алтштед (виолончело)

Германија / Франција

Румон Гамба

Велика Британија

Питер Мур (тромбон)

Велика Британија

Премил Петровиќ

Србија / Австрија

Сара Касл (мецосопран)

Нов Зеланд / Велика Британија