Олга Шепс

Руската пијанистка Олга Шепс почнува да изучува пијано на само пет годишна возраст. Во 1992 година нејзиното семејство ќе се пресели од Москва во Германија, и тоа ќе стане новиот дом на Шепс, но и ново тло за изучување на музика. Моментно, активна е како концертен пијанист не само во Германија, туку и во Русија и во Англија. На 16 години, таа ќе стане еден од најмладите студенти на Музичката академија во Келн, дипломирајќи во 2013 година со огромен успех. Нејзиниот професор Павел Гилилов, како и нејзините родители, и двајцата пијанисти и учители по пијано, се уште играат важна улога во нејзиниот развој како музички уметник, иако таа црпи влијанија и од имиња како Арие Варди, Дмитри Башкиров, Андреј Гаврилов и Алфред Брендел. За време на студиите, поради нејзиниот неспорен талент, Шепс доби стипендија од Германската фондација „Музиклебен“. Некои од нејзините први концерти беа и настапите како дел од наградата „Младите создаваат музика“, за потоа да биде канета да концертира на повеќе фестивали, меѓу кои и на познатиот „Рајнгау“, сите со сензационален успех. Набргу потоа, Шепс дебитира и на пијано-фестивалот во Рур, каде што се уште настапува. Од 2009 година, потпиша ексклузивен договор со „Сони Класикал“, за чија издавачка куќа во 2016 година го сними својот седми албум, кој вклучува изведби на дела од Ерик Сати и кој се искачи на првото место на официјалните листи во Германија. За нејзиниот албум „Шопен“, таа ја доби наградата „Ехо“ во категоријата „Млад уметник на годината“. Како „Стенвеј“ артист, Олга Шепс денес живее во Келн, настапувајќи на голем број на фестивали за класична музика надвор од нејзината земја, со видни оркестри и диригенти. Дел од една од критиките за неа гласи: „Она што Шепс го прави не е фино или слатко, тоа што таа го прави го одзема здивот“.

Сезона 2017/18

Даниел Рајскин

Русија / Холандија

Емил Табаков

Бугарија

Тимоти Редмонд

Велика Британија

Милан Силјанов

Швајцарија / Македонија

Николас Алтштед

Германија / Франција

Роман Симовиќ

Црна Гора / Велика Британија

Џеси Милинер

Германија

Олга Шепс

Германија