Горан Кривокапиќ

Дружбата со гитарата Горан Кривокапиќ ја започнал во музичката школа во Херцегнови, за во 2000-та да диплмира на Факултетот за музичка уметност во Белград. По завршувањето на студиите продолжил на Музичката академија во Келн каде што ги завршил постдипломските студии во 2006. Магистрирал на Конзерваториумот во Мастрихт. Добитник е на први награди на 17 меѓународни натпревари по гитара, од кои некои од нив се меѓу најпрестижните во светот. Како солист, Кривокапиќ настапувал со Словачкиот камерен оркестар, Гудачите на СВ. Ѓорѓе, со Филхармонијата на Торино, Чилеанскиот симфониски оркестар, Белградската филхармонија, Црногорскиот симфониски оркестар... Соло рецитали и мајсторски часови имал во Црна Гора, Србија, Германија, Италија, Шпанија, Австрија, Холандија, Франција, Чешка, Словачка, Ликсембург, Грција, Турција, САД, Канада, Мексико, Чиле и во Јужна Африка. За овој голем уметник направени се повеќе документарни емисии за домашни и страснки радио и тв куќи во Европа и Америка. На десеттата Меѓународна конвенција за гитара во Алесандрија (Италија, 2005), врачено му е признание „Златна Гитара“, за најдобар гитарист во  подем. Во 2005 излегува неговиот прв компакт диск за „Наксос“ и наидува на одлични критики во светот. Во 2006-та, за ова ЦД добива уште едно признание „Златна Гитара“, за најдобро ЦД на годината. Професор е во Уметничката школа „ЛУКА“ во Лувен, Белгија.

Сезона 2017/18

Даниел Рајскин

Русија / Холандија

Емил Табаков

Бугарија

Тимоти Редмонд

Велика Британија

Милан Силјанов

Швајцарија / Македонија

Николас Алтштед

Германија / Франција

Роман Симовиќ

Црна Гора / Велика Британија

Џеси Милинер

Германија

Олга Шепс

Германија