Дино Имери

Дино Имери (1990) се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерација класични музичари. Своето образование го стекнува работејќи со проф. Људмила Романова, проф. Борис Романов (во чија класа и дипломира на ФМУ во Скопје со Кум Лауде), како и со проф. Симон Трпчески во чија класа магистрира на само 22 годишна возраст со просек 10 и со почести Кум Лауде.
 
Во својата досегашна дејност, Имери остварил многубројни настапи во Македонија, но и во странство: Загреб (отворање на циклус „Пијано фортисимо“, спектакуларен концерт кој поминува со 4 биса по редовната програма), со Стразбуршкиот филхармониски оркестар (француска премиера на Концертот за пијано и оркестар од Дамир Имери), со Софискиот филхармониски оркестар (со изведба на Концертот бр.3 од Сергеј Рахмањинов), на фестивали во Цавтат, Франција, Приштина, Австрија...
 
Дино Имери е вбројан во 10-те најдобри европски пијанисти според ранг листата на Третиот Европски Пијано Натпревар одржан во Нормандија, Франција, а подеднакво успешен во својата родна земја, во 2013 год. се здобива со највисокото домашно признание за класична музика - наградата „Виртуози“ во категоријата „Млад музички уметник“. Во 2015 го добива признанието „Лауреатна Фондација Томислав Зографски“ доделена од истоимената фондација за промоција на македонските композитори во земјата и во странство. Во 2010 година, Дино Имери потпиша двегодишен договор со Европската пијано програма - проект кој му ги отвори интернационалните сцени во Франција, Австрија, Полска... Во 2013 го издава своето прво ДВД-издание со музика од Хајдн, Бетовен, Лист и Брамс, во соработка со „Фејмс“ оркестарот за снимање на филмска музика. Во 2015 година бележи големи меѓународни успеси, меѓу кои и неговото деби со Софискиот филхармониски оркестар што резултира со покана за настап повторно со истиот оркестар истата година. Во 2015, Имери за прв пат настапува со Македонската опера и балет во балетската претстава „Огнени Градини“ под диригентство на Јозеп Вицент и Бисера Чадловска, а во кореографија на Xејмс Амар. Редовно одржува рецитали, а активен е и во камерната музика настапувајќи со разновидни камерни ансамбли.

Сезона 2017/18

Даниел Рајскин

Русија / Холандија

Емил Табаков

Бугарија

Тимоти Редмонд

Велика Британија

Милан Силјанов

Швајцарија / Македонија

Николас Алтштед

Германија / Франција

Роман Симовиќ

Црна Гора / Велика Британија

Џеси Милинер

Германија

Олга Шепс

Германија