СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!

Драги вљубеници во најубавата уметност - музиката!
 
Почитувана публико, драги наши соработници, поддржувачи, партнери, донатори - нека биде новата 2018 година и за вас исполнета со радост и насмевки, и се разбира, со многу музика.
 
Македонската филхармонија од се срце ви ги честита празниците и ве кани на уште многу нови музички доживувања.
 
Новата 2018-та ќе биде уште една година за нашата институција одбележана со изведба на комплексни, грандиозни и атрактивни дела, со импресивни и инспиративни концерти на кои ќе настапат врвни солисти и диригенти, ѕвезди на класичната музика.
 
Со вечерашниот Новогодишен гала-концерт ја испраќаме старата 2017-та, и ве очекуваме веќе во јануари на три концерти на кои ќе настапат блескави имиња.
 
Нека биде музиката и понатаму ваша мисла водилка, ваш најдобар пријател!