Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна


Диригент


Борјан Цанев дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија, Р.Бугарија. Од 1999 година е редовен диригент на Македонската филхармонија, а во 2001 година специјализира на Кралскиот музички колеџ во Лондон, В.Британија. Посетува мајсторски курсeви и пракса кај диригентите Сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а  подоцна му асистира на Сер Колин Дејвис во Моцартовата опера "Дон Џовани" во продукција на Кралската оперска школа. Добитник е на наградата "Аугуст Ман" за најдобар диригент на Кралскиот музички колеџ, а настапува и со Лондонскиот симфониски оркестар во рамките на мајсторскиот курс на Сер Колин Дејвис. Од 1999 година до денес,Цанев остварува бројни концерти со камерниот оркестар на Македонската филхармонија во  Македонија и странство (Рим, Париз,Истанбул, Прага, турнеја во Полска и др.). Во меѓувреме делува и како главен диригент на камерниот оркестар "Скопски солисти". Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004 година му носи низа концерти со најреномираниот бугарски симфониски оркестар, а од 2006 година е назначен заредовен гостин–диригент на овој оркестар. Диригира и со ансамблот на Македонската опера и балет каде ја поставува премиерата на Моцартовата опера "Волшебната флејта". Покрај овие ансамбли, Цанев настапува и со други симфониски и камерни оркестри меѓу кои: "Симфониета"-Софија,"Синфониета" при Кралскиот музички колеџ-Лондон, ансамблот за современа музика "Алеа", Хрватскиот камерен оркестар, Задарскиот камерен оркестар, Црногорскиот симфониски оркестар и др. Учествувал на голем број реномирани фестивали во земјава и странство, соработувајќи со реномирани  солисти како Дејвид Герет,Јоханес Мозер, Готје Капусон, Иља Гринголтс, Криштоф Барати, Алексеј Огринчук,Раби Абу Калил, Моника Лесковар, Гзавие Филипс, Кристиан Фрон, ПитерЛукаш-Граф, Бранимир Слокар, Серџо Тиемпо, Благој Нацоски, Ана Дурловски и др.

Борјан Цанев има остварено гостувања во Англија, Италија, Франција, Хрватска, Србија,Бугарија, Турција, Чешка, Полска, а воедно има направено и трајни снимки за Македонската радио телевизија, Бугарското национално радио и "F.A.M.E'S -Macedonia".

Борјан Цанев е редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во 2010 Сојузот на композиторите на Македонија му ја доделува наградата “Георги Божиков“ за најдобра изведба на дела од македонски автори за 2009 година.




Членови на оркестар

Виолина I
Анна Кондратенко - концертмајстор
Владимир Костов - концертмајстор
Румен Димитриев - концертмајстор
Маја Ефремова-Шеќерова - заменик концертмајстор
Јасмина Драгоманска-Толеска
Весна Шуплевска-Јовчева
Татјана Кочарова-Гошева
Елена Талевска
Марина Трајковска
Наташа Василевска
Лејла Бурнс
Страшо Митановски
Дарко Трајковски
Даниел Лазаревски
Бојан Илкоски
Виолина II
Лидија Добревска - водач
Владимир Крстев - водач
Агрон Халити - заменик водач
Лада Петровска
Билјана Андоновска
Пламенка Трајковска
Горан Муратовски
Катерина Димитрова
Лилјана Назова
Мартин Димитров
Симон Поповски
Емил Чичоновски
Виола
Фросина Балова - водач
Марко Виденовиќ - водач
Дубравка Зајкова - заменик водач
Марија Величковска
Боро Станковски
Јовица Илиевски
Миха Поповски
Томислав Апостолов
Бојан Талески
Андреа Спирова
Виолончело
Александар Котевски - водач
Паскал Краповски - водач
Дејан Теодосиевски
Драган Гоневски
Јана Шуплевска-Малевска
Методија Георгиев
Елизабета Мицева
Марија Михајловска
Маја Михајловска
Наташа Јовановска
Контрабас
Александар Поп Христов - водач
Игор Миташев - водач
Благоја Перуновски - заменик водач
Иван Бејков
Димитрије Акимовски
Кристијан Галабов
Флејта
Иванчо Миров - прва флејта
Илинка Велкова - втора флејта, пиколо
Гоце Талевски - флејта, пиколо, алтфлејта
Обоа
Владимир Лазаревски - прва обоа
Васил Атанасов - прва обоа
Благој Докузов - прва обоа
Марина Арсова - втора обоа
Маја Чанаќевиќ - англиски рог
Кларинет
Здравко Ангелов - прв кларинет
Димче Грковски - прв кларинет
Љупчо Чедомирски - втор кларинет
Сашко Темелкоски - бас кларинет
Фагот
Ванчо Стојановски - прв фагот
Васко Караскаковски - прв фагот
Даниел Апостолов - втор фагот
Драги Лазаревски - контрафагот
Хорна
Џијан Емин - прва хорна
Зоран Стојковиќ - втора хорна
Александар Гошев - трета хорна
Мишко Секуловски - четврта хорна
Денис Емин - петта хорна
Труба
Драган Младеновски - прва труба
Горан Арменски - втора труба
Јордан Колевски - трета труба
Тромбон
Димчо Радински - прв тромбон
Димче Белчовски - прв тромбон
Бранко Илиевски - втор тромбон
Виктор Илиески - бас тромбон
Туба
Маријан Давитковски
Александар Ниниќ
Тимпани
Миле Барбаровски
Мојца Седеу
Ударни
Влатко Митев
Гоце Узунски
Атанас Алексов
Мартин Вучиќ
Харфа
Мерсиха Шукри